Судири меѓу полицијата и демонстранти во Грција

Атина, 15 јуни 2011 (МИА) - Грчката полиција употреби солзавец за да растера демонстранти пред зградата на парламентот за време на митинг денеска на кој се протестираше против новиот пакет економски мерки. 

Демонстрантите фрлаа со камења врз полицијата која беше распоредена пред парламентот каде пратениците се очекува да почнат со расправа за петгодишна програма за економски мерки со цел да се намали буџетскиот дефицит и да се спречи финансиско пропаѓање на Грција. 

Бројот на демонстрантите беше околу 20.000 и грчката полиција презеде голема операција за да обезбеди движење со автомобили и пристап на пратениците до парламентот.

Тензиите ескалираа пред еден од влезовите каде демонстрантите се обидоа да ги урнат металните огради и почнаа да фрлаат со камења врз полицијата која одговори со солзавец. 

Истовремено, грчкиот премиер Јоргос Папандреу изјави оти продолжува да бара консензус меѓу политичките партии во државата за новиот пакет економски мерки.

- Тоа е историски момент за нас и верувам дека националниот консензус е важен и во интерес на државата, наведе Папандреу пред претседателот на државата Каролос Папуљас.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
* * *
Си биле две крави, едната рекла Муууууу, што рекал другата?
- Пу, ми го зема зборот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1799 - Умре Пјер - Огистен Карон де Бомарше,...
1800.- Умре рускиот генералисимус Александар...
1803.- Велика Британија и објави војна на...
1804.- Наполеон Бонапарта се прогласи за цар на...