Хрватска договорот за членство ќе го потпише на есен

Загреб, 1 јули 2011 (МИА) - Полскиот премиер Доналд Туск изјави дека очекува Хрватска есеноска да го потпише договорот за членство во Европската унија и најави дека лично ќе го однесе договорот во Загреб пред свеченоста на потпишувањето.

- Есента е одлично годишно време во Хрватска, истакна Туск, додавајќи оти се надева дека дотогаш се ќе биде завршено.

Но, тој не прецизира каде ќе биде потпишан договорот.

Полска од Унгарија денеска го презеде шестмесечното претседавање со Европската унија, а меѓу приоритетите, според најавите од Варшава, ќе биде продолжување на проширувањето на Унијата кон земјите од Западен Балкан.

Полска како најважни задачи на својот прв мандат на чело на Унијата, официјално ги постави „европските интеграции како извор за развојот и создавање на безбедна и отворена Европа“ со силна поддршка за проширување кон Западен Балкан.

Еден од приоритетите се и развојот на европската одбранбена политика и поцврсти врски со соседите на ЕУ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На заставник во војска му требале ситни пари за кафе. Забележал обичен војник кој бришел под во касарната и го прашал:
- Војник, дали имаш да ми раситниш 100 денари?
- Аха.
-...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1536.- Отсечена и е главата на Ана Болен, втората...
1649.- За првпат е употребен називот...
1762.- Роден е Јоахн Готлиб Фихте, еден од...
1802- Наполеон Бонабарта во Франција го...