Новак Ѓоковиќ клониран Тесла!

Новинарите од таблоидите се фрлија во водите на истражувачко новинарство, го искористија технолошко-манекенското чудо наречено фотошоп и останаа фрапирани. Останав и јас, но од други причини и тоа е веќе мој приватен проблем

Еден угледен белградски таблоид објави дека Новак Ѓоковиќ, пазете сега, е ист Никола Тесла. Или обратно. Новинарите од таблоидите се фрлија во водите на истражувачко новинарство, го искористија технолошко-манекенското чудо наречено фотошоп и останаа фрапирани. Останав и јас, но од други причини и тоа е веќе мој приватен проблем. А се смеевме на идиотите и будалите!

Е, па бадијала ги затегнувавме фацијалните мускули. Сега можеме збунето да гледаме во медиумскиот монструм кој се вика „Нолизација“. За тие со помал доток на крв во мозокот, не се работи за минимизирање на ликот и делото на Новак Ѓоковиќ. Толку за оправдувањето и циркулацијата.

Да поминеме на главното!

Еден угледен белградски таблоид објави дека Новак Ѓоковиќ, пазете сега, е ист Никола Тесла. Или обратно. Новинарите од таблоидите се фрлија во водите на истражувачко новинарство, го искористија технолошко-манекенското чудо наречено фотошоп и останаа фрапирани. Останав и јас, но од други причини и тоа е веќе мој приватен проблем.

Гордо изјавија дека само во неколку потези со глувчето докажале дека Новак е „плукнат“ Никола Тесла, или обратно. Главно, насловот беше „Плукнат“. Како свршена глаголска форма. Уредниците додадоа дека на Ѓоковиќ навистина добро би му стоеле виртуелни бркови и слични будалаштини.

Е, сега повеќе не се смееме на будали и идиоти!

Сега идиотизмот е морално право, кое масите го бараат, за кое со децении се бореле и кое мора во целост да го обземе и да го зароби секое битие разумно и со здрав памет.

Плукнат, вајстина плукнат, вели анонимна Гоца, читателка на фотографијата (може и тоа) и додава:

Навистина!! Што е уште поважно – младиот Ѓоковиќ очигледно има ист ведар дух, отворен ум, фантазија и визија како и Тесла, како и сите големи луѓе! Некој со 24 години во денешно време кога е паднато се кон кое се стреми интелигентен, свесен и паметен човек – да ги постигне овие успеси во работата со која се занимава, а притоа да ги задржи горенаведените особини – е вистинско чудо!! Порачувам на сите (не само на младите!) да се угледаме на него и на Тесла, да ги исклучиме од своите животи сите нападни врескачи кои не малтретираат преку сите медиуми! Тие ни ја крадат животната енергија, нашата интелигенција, не насочуваат на погрешна страна, ни ја помрачуваат свеста – и така ни го крадат цел живот! Значи, да живеат Тесла, Новак и сите паметни луѓе кои во Србија ги има многу, но не се подобни за јавно експонирање!!....

Да претпоставиме дека Гоца е полнолетна и работоспособна со лична карта. Лице кое бира и може да биде избрана. Исто така, да претпоставиме дека зад Гоца стојат милиони „Гоци“ кои во оваа будалаштина на полуписмените „новинари“ гледаат автентична потврда на вистината, и којзнае уште на што. Инаку, информативците од дотичниот весник не известија дека овие двајца генијалци ги одвојуваат два века!?

А како тоа колеги, кога едниот живеел до 1943 година, а другиот ни е современик. А да пресметате уште еднаш! Всушност, немојте. Кој го е*е Тесла, тој бил само повод да може уште нешто да се каже за Ноле интернационале.

Глупости

А се почна наивно. Пред еден месец се појавија натписи во весниците дека некое училиште во Белград ќе го смени името од ОУ „Борисав Станковиќ“ во ОУ „Новак Ѓоковиќ“. Оваа акција на деноминација помина тивко од две причини. Прво, на никого не му е гајле за образованието на Балканот, а второ, што никој жив од децата и не знаеше кој е тој Бора Станковиќ.

Велат дека нешто напишал, некои романи, драми, главно некој непознат. Но, акцијата беше спречена поради тоа што беше претерано досадна. Мислам, Ноле е премногу кул за да се бави со него само управа на некое основно училиште. А сепак, никогаш не е доцна. Веќе замислувам како еден ден две деца се расправаат дали имало подобри девојки во ОУ „Новак Ѓоковиќ“ или во ОУ „Владе Дивац“. Тоа еден ден ќе биде кул и фора.

Но, немојте предвреме, аман-заман, да закопувате живи луѓе! Бидејќи да се именуваат училишта по живи луѓе, тоа не оди. Освен ако некогаш сте го имале доменот Тито. Друго нема да може, што би рекол анонимусот Бора Станковиќ.

Виде власта дека училишното досадно ниво, сериозно ја сфати „Нолизацијата“, па и тие се фатија за работа. Наврат-нанос во тестот за приемен испит на Филозофскиот факултет во Белград ставија прашање – колку победи една по друга остварил Новак Ѓоковиќ во оваа сезона? Така идните општествени работници, покрај досадните Платон и Аристотел, мораа да го знаат и ова. E**гo, се е општа култура. Со тоа што ова прашање е најлесно и најважно, а секоја незналица е елиминирана од „Нолизацијата“.

Е, сега, кога веќе училишниот систем се вклучи толку во „Нолизацијата“ ни банките не седеа со скрстени раце и нозе. Веќе се шушка дека ќе се покрене иницијатива Ноле да се постави на пара од 2000 динари. Дури и на оваа тема постојат фотошоп предлози. Над 50.000 луѓе жестоко се залагаат Ноле да се постави на оваа банкнота. Ако тоа се случи, чувај Боже, нема да има девалвација и инфлација.

Сума сумарум

Главните актери на приказната, Новак Ѓоковиќ, Никола Тесла, Борисав Станковиќ, се важни српски и не само српски, туку и историски личности. Дадоа на светот светлост, уметност и спорт.

Само, немојте другари по оваа еуфорија за 50 години да се чешате и да се прашувате – кој бил Новак Ѓоковиќ? Немојте да кажете дека се работи за пливач кој живеел пред два века.

На сето ова Новак Ѓоковиќ слатко би се насмеал, како и тие со здрав разум. Но, Ноле ќе оди во Шведска на Дејвис куп, па дома во Монако каде плаќа данок, а ние останавме тука со лудаците и лудилото. Е, ако сето ова не е добра зае**нција со т.н. национален идентитет, јас не знам што е.

6yka.com



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Кога се машките најпаметни?
Пред секс, за време на сексот или после сексот?
За време на сексот.
Зошто?
Затоа што тогаш се директно вклучени во интелегенцијата.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1442.- Роден е англискиот крал Едвард IV, водач...
1758.- Роден е американскиот државник Џејмс...
1789.- Побунетиот екипаж на англискиот брод...
1813.- Во Болеславец, Полска, умре Михаил...