Белград се плаши од геј парадата

Белград, 28 септември 2011 (МИА) - Српската полиција и обвинителството со денови ги проверуваат социјалните мрежи Фејсбук и Твитер и разни други веб страници, на кои трагаат по сите оние што преку интернет им се закануваат на учесниците на геј парадата и повикуваат на организирана пресметка со нив в недела на 2 октомври во Белград.

Весникот „Прес“ пишува дека ширум Србија голем број припадници на радикални организации и навивачки групи се повикуваат на информативни разговори во полициските станици. Проверките на интернет ќе бидат поинтензивни овие денови, а во случај на сериозни закани ќе бидат поднесени и кривични пријави.

- Ги преземаме сите мерки со цел да спречиме евентуални немири низ улиците на Белград. Деноноќно ги проверуваме интернет страниците и социјалните мрежи на кои најмногу се упатуваат закани, се вели во соопштението на српското Министерство за внатрешни работи.

Од друга страна, Полицискиот синдикат на Србија ги повика организаторите на „Парадата на гордоста“ да го откажат настанот, додека нејзините неподдржувачи да покажат висок степен на одговорност и да не предизвикаат немири доколку таа се одржи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...