Србите во северно Косово на референдум

Косовска Митровица, 14 февруари 2012 (МИА) - И покрај несогласувањето на официјален Белград и меѓународната заедница, четири општини во северно Косово со доминантно српско население одлучија за денеска и утре да свикаат референдум, на кој граѓаните ќе треба да одговорат на прашањето „Ги прифаќате ли институциите на таканаречената Република Косово, формирана во Приштина?", пренесуваат агенциите.

Граѓаните во општините Зубин Поток, Звечан и Косовска Митровица ќе гласаат и двата дена, а во општина Лепосавиќ само на 15 февруари.

Резултатите од референдумот ќе бидат познати на 19 февруари, соопшти Танјуг.

Во северниот (српски) дел на Косовска Митровица се залепени плакати со повик граѓаните да излезат на референдум и да гласаат со „Не“.

-Отпечатени се 35.000 гласачки ливчиња соопшти Љубомир Радовиќ, член на локалната изборна комисија.

Референдумот ќе почне два дена пред четвртата годишнина од прогласувањето на косовските Албанци на независноста на Косово, на 17 февруари 2008 година. Косовските Срби, како и Белград, одбиваат да ја признаат оваа независност.

Во Косово со население од два милиона жители во моментот живеат околу 120.000 Срби, а над 40.000 од нив живеат во северниот дел, што се граничи со Србија.

Градоначалникот на српскиот дел на Косовска Митровица, Крстимир Патиќ, посочи дека овој референдум ќе покаже дека Србите од северно Косово не сакаат да учествуваат во институциите на Приштина.

Нивните лидери стравуваат дека Белград на крајот ќе се откаже од Косово под притисок на ЕУ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...