Топи: Никој нема право да ја блокира покана за членство во ЕУ на својот сосед

Тирана, 16 март 2012 (МИА) – Доделувањето на кандидатскиот статус на Србија за челнство во ЕУ не може да им наштети на шансите на Косово за зачленување во Унијата, изјави албанскиот претседател Бамир Топи во интервју за турскиот весник „Заман“.

- Од 2008 година  Косово е независна држава. Јас не верувам дека статусот на земја-кандидат на Србија ќе влијае на поканата за Косово за зачленување во ЕУ. Факт е дека статусот на Косово е неповратен, изјави Топи.

Запрашан дали Србија може да  го блокира напредокот во процесот за зачленување на Албанија во ЕУ, Топи вели дека не е можно една земја од Балканот да наметнува предуслови за членство на друга држава од регионт, бидејќи критериумите за прием во Унијата се јасни.

- Никој нема право на својот сосед да му ја блокира покана за членство во ЕУ, смета Топи.

Како што јави дописникот на МИА од Тирана, интервјуто на Топи за „Заман“ е дадено по повод неговата посетета на Турција, каде ја доби титулата почесен доктор на Универзитетот „Ајдин“. Во инетрвјуто Топи говори и за добрите билатерални односи и соработка меѓу Албанија и Турција.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Разговараат двајца пријатели:
- Пази што се случи, жена ми додека беше трудна ја читаше "Тројцата мускетари" и кога се породи завчера ми роди тројка.
- Ај ја фаќам магла, мојана...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини...
Верски календар
На денешен ден
- Ден на пожарникарството во Република...
1498.- Португалскиот морепловец Васко де Гама...
1506.- Умре шпанскиот морепловец од италијанско...
1799.- Во Тур е роден францускиот писател Оноре...