Томислав Николиќ прогласи победа

Борис Тадиќ го призна поразот

Белград, 21 мај 2012 (МИА) - Лидерот на Српската напредна партија Томислав Николиќ прогласи победа на претседателските избори во Србија, соопштија светските агенции.

Во синоќешното директно телевизиско вклучување од неговиот изборен штаб тој изјави дека го достигнал врвот на својата политичка кариера.

-Србија нема да се тргне од патот кон ЕУ и заштитата на Косово. Ние ќе ги решаваме внатрешните проблеми, кои ги создаде Демократската партија и (досегашниот претседател) Борис Тадиќ. Ќе ја развиваме економијата, ќе се бориме со сиромаштијата и корупцијата, ќе создаваме работни места, истакна националистичкиот опозициски лидер, цитиран од агенциите.

Според неофицијалните податоци на Центарот за слободни избори и демократија (ЦеСИД) Николиќ води пред својот соперник Тадиќ со 49,2 проценти наспроти 47,6 проценти.

Досегашниот претседател на Србија Борис Тадиќ го призна поразот на претседателските избори и на победникот му посака успех, соопштија агенциите.

-Одлуката на граѓаните ја сметам за законска, говорејќи за проблемите што требаше да ги решавам како претседател, а од кои многу не успеав да ги решам, изјави Тадиќ на прес конференција во својот изборен штаб.

Тој изборите ги оцени како чесни и транспарентни и го поздрави својот соперник за победата, посакувајќи му успех.

-Ги повикувам сите политички фактори за ја зачуваат стратегиската ориентација на Србија кон ЕУ, додаде проевропски ориентираниот досегашен претседател.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...