Изборот на Николиќ не го менува односот на Србија кон ЕУ

Љубљана, 22 мај 2012 (МИА) - Специјалниот известувач на Европскиот парламент за Србија Јелко Кацин изјави дека изборот на Томислав Николиќ за претседател нема значително да го промени односот на Србија кон ЕУ, ниту пак односот на Европската унија кон Србија.

- Не гледам голема потреба, ниту можност во тој однос нешто да се промени. Николиќ во првите изјави јасно стави до знаење дека ќе продолжи со приближување на ЕУ и сметам дека во тој поглед треба да му се верува, изјави Кацин за ТВ Словенија.

Србија е парламентарна држава и нема претседателски систем. Сега таа првенствено има потреба од оперативна влада која ќе ги исполни условите за добивање на датум за почеток на преговорите, изјави Кацин.

Кацин истакна дека би сакал по стапувањето на функција Николиќ при посетата на Босна и Херцеговина, најпрво да го посети Сараево, а потоа Бања Лука.

- Ако тоа навистина се случи, ќе можеме да бидеме сигурни дека Николиќ е целосно посветен на приближување на Србија кон ЕУ. Тој е и доволно прагматичен. А, треба да се спомене и дека често се појавува во Европскиот парламент. Секој втор месец го гледаме во нашите кафетерии како разговара со европарламентарците, иако повеќе контактира со пратениците од десницата, нагласи Кацин.

Според Кацин многу е значајно да започне дијалог меѓу Србите во северниот дел на Косово и неговиот јужен дел, што ќе претставува клучна одлука на Николиќ.

- Со тоа ќе се зајакне тежината и присуството на Србите на Косово и ќе се гарантира тоа да биде мултиетничко, мултикултурно и мултирелигиозно и европско, нагласи Кацин кој смета дека на тој начин добиваат Србија и Косово, но и целиот регион.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...