Што би направил земјотрес со јачина од 6.3 степени во Загреб

Земјотресот во Италија се почувствува и во Хрватска. Сеизмолозите на загрепскиот ПМФ постојано ја надгледуваат целата состојба.

Земјотресите секако се закана, бидејќи живееме на трусно подрачје. Она што е најголем проблем е што земјотресите воопшто не можат да се прогнозираат и тоа не само хрватските експерти, сеизмологијата едноставно не е во состојба да одговори на тоа прашање. Прашање е дали некогаш ќе бидеме во состојба. Она што е познато е состојбата како би изгледало некое подрачје кога ќе го погоди земјотрес. Според последните истражувања, во случај на земјотрес од 6.3 степени по Рихтер, во Загреб би имало околу 3.000 загинати и 15.000 повредени, Загреб би можел да функционира следните 24 часа, а потоа би била потребна помош од надвор.

- Тоа не е неочекувано, ќе има уште земјотреси. Тоа е нормално. Ќе има уште илјадници земјотреси главно слаби, кои нема да се почувствуваат - вели Владо Кук, директор на сеизмолошката служба на РХ. Живееме на трусно подрачје. Земјотреси има секој ден, само интензитетот е различен. Но, нема причина за паника.

- Системот е направен така што ние поучени од земјотресот во Скопје во 1963 година, градиме објекти кои треба да имаат стабилност за потреси со магнитуда од 7 степени, значи сите нови згради не би се урнале - истакнува Дамир Чемерин, заменик командир на цивилната заштита на РХ.
Во последните седум години Хрватска направи многу околу организација на силите на цивилната заштита. - За жал, тоа што морам да го констатирам е дека во текот на оваа година запре и финансирањето и организацијата и обуката на сите тие активности околу силите, нивната опрема итн. - додава Дамир Трут, поранешен директор на ДУЗС.

Заедно со Црвениот крст, во случај на слична катастрофа, Хрватска има можност за сместување под шатори за 30.000 луѓе, што можеби не е најидеално решение, но барем е голема бројка. Посебно ако го споредиме со земјотресот во Л'Акуила во Италија, при што беа згрижени 10.000 луѓе во шатори. Ако земеме предвид дека Италија има 60 милиони жители, а Хрватска само 4 милиони, тогаш 30.000 шатори е релативно пристоен капацитет.

Најкритичен е крајбрежниот дел, посебно јужниот брег, поширокото дубровничко подрачје. Во континенталниот дел на Хрватска централниот дел, дури и источна Хрватска помалку е загрозена. Но, северозападна Хрватска, поширокото загрепско подрачје е многу повеќе трусно, како и Дубровачкото подрачје, каде можат да се случат најсилни земјотреси. Ако на пример Хрватска биде погодена од земјотрес сличен на земјотресот во Италија, нема се да биде срамнето со земја, но штетата би била од огромни размери.

Нова - Загреб



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Кога се машките најпаметни?
Пред секс, за време на сексот или после сексот?
За време на сексот.
Зошто?
Затоа што тогаш се директно вклучени во интелегенцијата.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1442.- Роден е англискиот крал Едвард IV, водач...
1758.- Роден е американскиот државник Џејмс...
1789.- Побунетиот екипаж на англискиот брод...
1813.- Во Болеславец, Полска, умре Михаил...