Белград, 11 јуни 2012 (МИА) - Свеченост по повод инаугурацијата на претседателот на Србија Томислав Николиќ ќе се одржи денеска во зградата на претседателството во Белград.
На свечената церемонија ќе присуствуваат претставници од Србија и од светот, но не и лидери од земјите од регионот, со исклучок на претседателите на Црна Гора и на Република Српска, Филип Вујановиќ и Милорад Додик.
Меѓу гостите ќе биде еврокомесарот за проширување Штефан Филе, кој претходно ќе има билатерална средба со претседателот на Србија.
Томислав Николиќ на 31 мај положи заклетва во Парламентот со што стапи на должност претседател на Србија.