Нема да има поделба на Косово

Брисел, 10 септември 2012 (МИА) - Косовскиот министер за надворешни работи Енвер Хоџај изјави денеска за бриселскиот портал „ЕУопсервер“ дека завршувањето на надгледуваната независност на Косово значи и дека поделбата повеќе не е на дневен ред.

- Опцијата за поделба дефинитивно повеќе не се наоѓа на маса, изјави Хоџај, додавајќи дека српските општини на Косово ќе бидат интегрирани во локалниот систем.

Хоџај ја повика меѓународната заедница да изврши дополнителен притисок врз Србија да ги повлече своите „безбедносни и политички сили“ од северниот дел на Косово.

Тој изрази уверување дека Косово до крајот на годината ќе потпише Договор за стабилизација и асоцијација со Европската унија и да стане членка на Обединетите нации.

Интервјуто со Хоџај е објавено по повод затворањето на Меѓународната цивилна канцеларија во Приштина, што се толкува како крај на надгледуваната и почеток на целосната независност на Косово.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
* * *
Си биле две крави, едната рекла Муууууу, што рекал другата?
- Пу, ми го зема зборот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1799 - Умре Пјер - Огистен Карон де Бомарше,...
1800.- Умре рускиот генералисимус Александар...
1803.- Велика Британија и објави војна на...
1804.- Наполеон Бонапарта се прогласи за цар на...