Филе и Аврамопулос разговараа за името

Атина, 1 октомври 2012 (МИА) – Еврокомесарот за проширување Штефан Филе денеска во Атина го увери грчкиот министер за надворешни работи Димитрис Аврамопулос дека Европската комисија останува посветена на европската перспектива на Западен Балкан, Турција и Исланд и ги поддржува нивните напори на патот кон членство во ЕУ.

- Грција, поради својата географска положба, ќе има најмногу корист од успешното проширување на ЕУ со земјите од Југоисточна Европа, особено со нејзините соседи, Турција, Македонија и Албанија, изјави Филе по средбата.

Во врска со Македонија, како што јави дописникот на МИА од Атина, разговарано е за случувањата во земјата во последните неколку месеци. Филе му објаснил на Аврамопулос како гледа на резултатите од пристапниот дијалог на високо ниво.

- Има позитивна проценка за реформите, се уште треба да го поднесам мојот предлог наредната недела, не можам да откријам што ќе биде препораката на Комисијата оваа година, но да посетам дека последните три години препораката на Европската комисија беше да се почнат преговори со Македонија за членство, нагласи еврокомесарот.

Двајцата дипломати се согласиле околу тоа колку е важно да се реши прашањето за името, и колку е важно да се придвижи Македонија напред во процесот на проширување.

- Се договоривме дека европската перспектива е моќна алатка која ги стимулира земјите да ги преземат потребните чекори и да промовираат мир и стабилност од кои ќе имаат корист и Европската унија и нејзините членки. Затоа е важно да се одржи моментумот на процесот за проширување и под сегашните околности. Процесот за проширување се движи напред. Се разбира земјите што го чекаат проширувањето се соочуваат со многу предизвици и затоа одржувањето на моментумот на процесот за проширување е моќна алатка за да се справат со овие предизвици, изјави Филе.

Аврамопулос потврди дека се разменети мислења за напредокот на земјите во грчкото соседство на нивниот пат кон Европската унија.

- Грција и придава големо значење на политиката на проширување на Европската унија, затоа што веруваме дека таквата политика ќе придонесе за мир, стабилност и развој на нашиот регион, рече Аврамопулос.

Тој повтори дека Грција ги поддржува трите соседни земји на нивниот пат кон ЕУ. Во врска со името, шефот на грчката дипломатија рече дека прашањето било спомнато, но оти тој не одел во детали.

- Решение, кое може да биде взаемно прифатливо, треба да се базира на взаемно почитување на културата и историјата, изјави Аврамопулос.

Еврокомесарот за проширување Филе денеска во Атина имаше средби и со грчкиот премиер Андонис Самарас, како и со заменикот министер за надворешни работи Димитрис Куркулас.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Кога се машките најпаметни?
Пред секс, за време на сексот или после сексот?
За време на сексот.
Зошто?
Затоа што тогаш се директно вклучени во интелегенцијата.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1442.- Роден е англискиот крал Едвард IV, водач...
1758.- Роден е американскиот државник Џејмс...
1789.- Побунетиот екипаж на англискиот брод...
1813.- Во Болеславец, Полска, умре Михаил...