ЕУ нема инструменти за враќање на визите

Сараево, 23 октомври 2012 (МИА) - Известувачот на Европскиот парламент за БиХ Дорис Пак изјави дека ЕУ моментално нема инструменти врз основа на кои би можела да го укине безвизниот режим за земји како БиХ или Србија.

- Сигурно е дека ваквите барања на неколку земји од ЕУ би можеле да имаат врска и со политичката ситуација во некои држави на Балканот. Ако го земеме примерот на БиХ, политичката ситуација е нестабилна, а економската се полоша. Луѓето се безнадежни, не чувствуваат дека властите работат за нив и затоа бараат азил во земјите на ЕУ. Тоа е разбирливо, но е неприфатливо, истакна Пак.

Европарламентарецот и искусен австриски политичар Ханес Свобода претходно оцени дека евентуалното укинување на визите за земјите од Западен Балкан би значело чекор назад за Унијата, која би требало да се стреми кон свое проширување.

- Министрите за внатрешни работи на земјите од ЕУ в четврток ќе расправаат за злоупотребите на безвизниот режим за земјите од Западен Балкан и неговото можно укинување, потврди за сараевскиот весник „Дневни аваз“ Микеле Черконе, портпарол на еврокомесарката за внатрешни работи. 

Имајќи ги предвид информациите дека на овој состанок би требало да биде донесена негативна одлука за земјите, како што се БиХ, Србија, Црна Гора, Косово и Македонија, Черконе објасни дека не станува збор за никакво барање за укинување на безвизниот режим, туку овој проблем ќе биде предмет на дискусија на европските министри.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...