Односите меѓу Србија и Хрватска треба да се „рестартираат“

Белград, 7 јануари 2013 (МИА) - Српскиот премиер Ивица Дачиќ изјави дека односите меѓу Србија и Хрватска треба да се одмрзнат и „рестартираат“, и да започнат повторно во атмосфера на регионална соработка.

Тој нагласи дека Србија се стреми кон добра соработка и односи со сите држави од регионот.

- Треба да се има предвид дека не е можно да се согласуваме по секое прашање, но треба да најдеме точки кои ќе не водат напред. Тоа не значи дека треба да покажеме некаква љубов, но треба да има политичка соработка и односи меѓу Србија и Хрватска, истакна Дачиќ.

Тој додаде дека е подготвен да се сретне со хрватскиот колега Зоран Милановиќ, со цел да не се дозволи односите меѓу двете земји да влезат во уште полоша фаза, од која тешко ќе се излезе.

- Не е добро да има две држави меѓу кои политичката комуникација не е највисоко ниво, затоа сметам дека е важно сега да се рестартираат овие односи и се да започне од почеток, истакна српскиот премиер.

Дачиќ ги отфрли тврдењата дека по изборите во Србија минатата година односите на Белград со земјите од регионот се влошиле. Тој потсети дека биле остварени средби на високо ниво со Словенија, БиХ, Македонија, Грција и Унгарија, а се планираат средби и со Бугарија и Црна Гора.

- Единствено со Хрватите имаме проблем, додаде Дачиќ.

Односите меѓу Белград и Загреб драстично се влошија во ноември минатата година, откако Хашкиот трибунал ги ослободи хрватските генерали, кои беа обвинети за извршени злосторства врз српско население.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...