Да се запре со националистичката реторика

Тирана, 22 февруари 2013 (МИА) -  Заменик помошникот американски државен секретар за Европа и Евроазија, Филип Рикер јасно стави до знаење дека пораката на негoвата посета на Тирана е да се стопираат националистичките тонови.

- Оваа националистичка реторика нe вознемирува сите, нe вознемирува нас и ЕУ. Ова е мојата порака. Ние отворено и јавно ќе зборуваме, бидејќи сме сојузници, изјави Рикер во емисијата „Топ стори“ на тиранската телевизија Топ-чанел.

Тој нагласи дека Албанија треба да се фокусира на исполнувањето на препораките на ЕУ за да добие кандидатски статус. Зборувајќи за парламентарните избори кои во оваа земја ќе се спроведат на 23 јуни  Рикер рече дека овие избори се многу значајни за иднината на земјата.

- Овие избори се значајни за Брисел, ќе го дадат тонот на следните сто години на Албанија. Не е битно кој ќе победи, битно е тие да бидат демократски, изјави Рикер.

Рикер кој во Тирана допатува синоќа и денеска  ќе се сретне со шефот на албанската држава,Бујар Нишани, со премиерот Сали Бериша, со министерот за надворешни работи, Едмонд Панарити и со лидерот на опозициските социјалисти, Еди Рама.

Во фокусот на разговорите на високиот американски функционер со лидерите на албанската политика ќе бидат последните случувања во земјата, како и парламентарните избори закажани за 23 јуни годинава.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...