Зошто Турците се кренаа против Ердоган?

Антивладините протести во Турција се проширија со брзина на шумски пожар. Скоро во седумдесет градови имало протестни маршеви, а се поинтензивни се и судирите меѓу полицијата и демонстрантите. Премиерот Реџеп Тајип Ердоган, кој најавува скорешно смирување на ситуацијата, и натаму е уверен дека само затоа што победува на избори може и сам да управува со земјата.

Насилните протести почнаа против сечењето на 600 дрвја на плоштадот Таксим во центарот на Истанбул. Но, тоа, за премиерот Ердоган било само повод.

- Овие настани немаат ништо со сечење дрвја или со реновирање парк. Оние што ги загубија изборите се зад нив. Демонстрации нема во секој град, изјави Ердоган, чија првична рекација на протести беше: Ако се соберат 100 илјади, јас можам да донесам милион.

Тоа е и суштината на неговиот проблем. Тој верува во она што експертите го нарекуваат „мнозинска демократија“ или со други зборови тој верува дека ако добива мнозинство гласови, а тоа му успеа трипати во изминатава декада, има право да донесува секакви политички одлуки во земјата.

Протестите не дојдоа од никаде

Иако официјално сечењето дрвја било потребно за да се обноват старите Отомански касарни, демонстрантите се сомневаат дека вистинската намера е изградба на уште еден трговски центар во градот кој и онака е преполн со нив.

Партијата на Ердоган воопшто не сакаше да разговара за ревизија на таквиот план. Всушност токму турскиот економски раст може донекаде да помогне во објаснувањето зошто граѓаните се кренаа на протести.



За истанбулчаните кои се против Ердоган, тој не само што не се консултира за нивниот град, туку зајакнува нова клика на негови бизнисмени. Компанијата која го доби договорот за реизградба на центарот на Истанбул е во сопственост на „Челик Холдинг“, чиј претседател е зетот на Ердоган.

Половина час возење од Таксим лежат темелите за новиот мост „Султан Селим“. И додека Ердоган своевремено ги критикуваше плановите на претходните влади за трет мост меѓу европскиот и азискиот дел на Истанбул како убиец на животната средина, сега го прифати овој проект како сопствен. Вакви контроверзни случаи, според наводите, имало и во повеќе други градови.

Економскиот раст на земјата всушност беше главен извор и за јакнењето на Ердоган, што, пак, водеше до истакнување на неговите авторитарни инстинкти и до замолчување на критичарите.

Турција е земја во која има најмногу затворени новинари во светот - 49. Фактот што некои локални медиуми ги игнорираа протестите е уште еден знак дека тие се плашат од Ердоган.

Неговата Партија на правдата и развојот има исламски основи кои сосема се разликуваат од оние на секуларната република што пред 90 години ја основа Кемал Ататурк.



Кога Ердоган побара од Турците да имаат повеќе од три деца, а оние што пијат алкохол ги нарече алкохоличари и ја забрани продажбата на алкохолни пијалаци, природно, многумина се запрашаа кои се неговите вистински намери.

Повеќето излегоа на улица за да го кренат својот глас против премиерскиот империјален стил, неговата постепена исламизација на земјата и бруталноста на полицијата.

Доколку протестите продолжат, ќе ја урнат турската позиција како политичка и економска успешна приказна, а тогаш дрвјата на плоштадот Таксим ќе бидат она последното за што треба да се грижи не само Турција.

Радио Слободна Европа - Прага



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Кога се машките најпаметни?
Пред секс, за време на сексот или после сексот?
За време на сексот.
Зошто?
Затоа што тогаш се директно вклучени во интелегенцијата.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1442.- Роден е англискиот крал Едвард IV, водач...
1758.- Роден е американскиот државник Џејмс...
1789.- Побунетиот екипаж на англискиот брод...
1813.- Во Болеславец, Полска, умре Михаил...