Нема договор за ЕРТ

Атина, 20 јуни 2013 (МИА) - Средбата меѓу партиите од владеачката коалиција во Грција за судбината на државната радио телевизиска компанија ЕРТ синоќа заврши без резултат, пренесоа француските медиуми.

Лидерите на трите партии и денеска ќе ги продолжат разговорите на оваа тема.

Претседателите на социјалистичката партија ПАСОК и на Демократската левица, Евангелос Венизелос и Фотис Кувелис, вчерашната средба ја оценија како многу тешка и мачна.

Премиерот и претседател на конзервативната партија Нова демократија Андонис Самарас западна во ќорсокак во случајот со ЕРТ, забележаа француските медиуми. Тој сам ја предизвика кризата, затворајќи ја еднострано државната радио и телевизија на 11 јуни,  без согласност на партнерите од владеачката коалиција, заради неефикасност, разуздано трошење и исчезнати средства.

Врховниот административен суд на Грција, меѓутоа, во понеделникот утврди дека емисиите на ЕРТ привремено треба да се обноват, се додека не се создаде нова државна радио телевизиска компанија.

Во обид да избегне евентуални превремени парламентарни избори, Самарас на своите коалициски партнери им предложи промени во владата кон крајот на овој месец.

Учесниците на вчерашната средба признаа дека колку што зборувале за судбината на ЕРТ, толку зборувале и за проблемите во владеењето и за распределбата на функции.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...