Нереди, каменувања и приведувања на Парадата на гордоста во Будва

Будва, 24 јули 2013 (МИА) - Неколку учесници во Парадата на гордоста во Будва се повредени денеска, откако настана вистински хаос пред нејзиниот почеток, за време на нејзиното одржување и по завршувањето на првиот ваков настан во Црна Гора.

Противниците на Парадата фрлаа со камења, чаши и шишиња кон учесниците во поворката, а полицијата употреби димна бомба за да ги растерта напаѓачите, кои продолжија да фрлаат различни предмети кон полицајците.

Пред почетокот на Парада на гордоста дојде до судир меѓу полицијата и противниците на овој настан, при што полицајците употребија пендреци, а учесниците во протестот фрлаа со камења.

Поради судирите полицијата одлучи поворката да се одржи по скратена маршрута, а во нејзиното обезбедување учествуваа повеќе од 400 полицајци, меѓу кои и припадници на специјалните единици.

Повеќе од стотина противници на геј парадата, претежно млади лица, се собраа во близина на Стариот град и фрлаа со камења, шишиња и други предмети кон приврзаниците на ЛГБТ заедницата пред почетокот на Парадата. Насобраните противници на Парадата на гордоста скандираат навредливи пораки на сметка на ЛГБТ популацијата.

Полицијата претходно приведе неколку лица поради тоа што го гаѓале со јајца автобусот на припадниците на ЛГБТ заедницата и се обиделе физички да ги напднат.

Организатор на настанот е ЛГБТ Форумот прогрес, а претседателот на таа организција Здравко Цимбаљевиќ изјави претходно дека Парадата на гордоста во Будва ќе биде показател дали црногорското општество е во состојба да ги прифати и негува различностите.

Од ЛГБТ Форумот прогрес најавуваат дека до крајот на летото ќе биде одржана уште една Парада на гордоста.




Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На заставник во војска му требале ситни пари за кафе. Забележал обичен војник кој бришел под во касарната и го прашал:
- Војник, дали имаш да ми раситниш 100 денари?
- Аха.
-...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1536.- Отсечена и е главата на Ана Болен, втората...
1649.- За првпат е употребен називот...
1762.- Роден е Јоахн Готлиб Фихте, еден од...
1802- Наполеон Бонабарта во Франција го...