Да беа ефикасни, немаше да ги палат

Загреб, 10 февруари 2014 (МИА) - Високиот претставник на меѓународната заедница во БиХ, Валентин Инцко, изјави дека причините за протестите во оваа земја „со години се натрупувале, но по војната на луѓето мирот им бил драгоцен“, дека „причините постојат веќе со години“ и дека тоа се социјалните неправди.

-Се повеќе се оние чија ситуација е многу тешка, додека богатите се малцинство. За некои од овие луѓе народот мисли дека парите не ги стекнале на регуларен начин и тука има работа за обвинителството, рече Инцко за загрепскиот весник „Јутарњи лист“

„Значи, тоа била комбинација од неколку работи, социјален бунт и можеби лоша ефикасност на кантоналните власти кои беа нападнати“, рече австрискиот дипломат во интервјуто под насловот „Високиот претставник-Федерацијата БиХ има околу 150 министри! Да беа ефикасни, немаше да ги палат!“.

Зборувајќи за протестите во Тузла, Сараево, Зеница, Мостар и Бихаќ, тој го осуди насилството, додавајќи дека „од друга страна, правото на мирна демонстрација е основно демократско право“ и дека луѓето „имаат право на достоинствен протест“.

Во интервјуто објавено на интернет-страницата на „Јутарњи лист“, Инцко ја истакна специфичноста на Горажданскиот кантон, каде постојат неколку големи фирми и сите работат, но и таму се протестираше, мирно и достоинствено „бидејќи  и тие се разочарани од неефикасноста на кантонот, односно жупанијата и општината“.

-Во Тузла се почна, таму капката ја прелеа чашата: претераната употреба на сила против демонстрантите и непостоењето на дијалог, па и луѓето од другите градови почнаа да се солидаризираат бидејќи знаеја дека и нивната ситуација е иста или слична. Само што Тузла претходно била просперитетна бидејќи имала рудници и фабрики, рече тој.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се вратил еден ден малиот Игорче од школо со порака од учителката до мајка му. На ливчето пишувало: "Ве молам, научете го Игорче која е разликата меѓу машко и женско".
Мајка му...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
311.- Римскиот цар Константин Први Велики со...
1563.- Кралот Шарл Деветти ги протера Евреите од...
1777.- Роден е германскиот математичар, физичар...
1789.- Џорџ Вашингтон положи заклетва како прв...