Албанија води војна против исламот

Тирана, 14 април 2014 (МИА) - Осумината Албанци, меѓу кои и двајца самопрогласени имами, обвинети за регрутирање и испраќање  борци во Сирија, кои одбија да говорат пред судските органи, напишале писмо во кое меѓу другото тврдат дека се „жртви на војната што албанската држава ја води против исламот“.

- Албанската држава, јасно покажа дека е против исламот, нешто кое го потврди и со апсењето и протерувањето на сите државјани од арапските земји од Албанија со образложение дека се борат против тероризмот денес или фундаментализмот вчера. На овој начин Албанија продолжува по стапките на диктаторот Енвер Хоџа, кој војуваше против религијата уште од првиот ден кога дојде  на власт, стои во писмото во кое се изнесени и обвинувања до исламската верска заедница на Албанија.

Како што јави дописникот на МИА, самопрогласените имами од џамијата „Нов прстен“ во Тирана, Генц Бала и од џамијата во селото Мезез кај Тирана, Бујар Хиса, во заедничкото писмо со останатите осомничени ги отфрлаат обвинувањата, наведувајќи дека не направиле ништо во спротивност  со законот, туку само „го почитувале Куранот“.

- Ние дадовме само скромен придонес за Сирија. Нашата активност во врска со Сирија почна откако од медиумите дознавме за убиствата на нашите браќа и злоставувањето на нашите сестри муслимани, стои во писмото, во кое се наведува дека „единствено Алах заслужува благодарност“ и од него бараат помош и прошка и заштита од злото.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...