Вилијамсон ќе го објави извештајот во вторник во Брисел

Брисел, 23 јули 2014 (МИА) - Главниот обвинител во истрагата за трговија со човечки органи за Косово во 1999 година, Клинт Вилијамсон, ќе го објави Извештајот следниот вторник во Брисел, а обвиненијата ќе бидат покренати по формирање на специјален суд, што се очекува на почетокот од следната година, јави Танјуг, повикувајќи се на дипломатски извори во Брисел.

Вилијамсон вчера престојуваше во Белград, а во понеделниот беше во Приштина, при што истакна дека резултатите од истрагата ќе бидат објавени на време и оти не треба однапред да се донесуваат заклучоци.

Приштинскиот весник „Коха диторе“ вчера објави дека  Вилијамсон нашол докази за воените злосторства против поранешните припадници на Ослободителната војска на Косово, но не и доволно докази дека во Косово имало трговија со човечки органи.

Весникот посочи дека најмалку десет поранешни припадници на ОВК ќе бидат обвинети за воени злосторства за злосторства против цивилите.

„Коха диторе“ наведе дека припадниците на ОВК ќе бидат покренати обвиненија и за исчезнување на голем број Срби од Зочишта и Ораховец, а за одговорни се сметаат и двајца високи офицери од ОВК.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...