Македонија е географски, етнички и историски - бугарска!

Брисел, 24 јули 2014 (МИА) - Бугарскиот пратеник во Европскиот парламент од партијата ВМРО-БНД, Ангел Џамбаски, денеска со нова провокација кон Република Македонија, јавува дописникот на МИА од Брисел.

Во писмо испратено од негова страна, а до останатите европратеници, овој познат анти-македонист ги известува дека „Илинденското востание во 1903 година е бугарско востание” и оти „географски, етнички и историски Македонија е тесно и неотповикливо поврзана со Бугарија, бугарскиот народ и бугарската историја”.

Писмото до останатите членови на Европскиот парламент, Џамбаски го започнува со објаснување дека се решил да го напише ова писмо поради две причини: „Да ве информирам за тоа што се случува денес во поранешната југословенска Република Македонија (ФИРОМ) и да ви дадам до знаење за историските причини и околности што доведоа до сегашната проблематична иднина на оваа земја”, наведува европратеникот од редовите на бугарската ВМРО-БНД.

Понатаму во писмото до своите колеги-европратеници, Џамбаски пишува дека на 20-ти јули бил поканет од страна на Бугарите и нивната организација Бугарски културен клуб во Скопје, да присуствува на прославата по повод 111-годишнината од избувнувањето на најголемото востание во регионот - Илинденското востание од 1903 година.

- Ова е епохален настан со оглед на тоа што бунтовничката армија од над 30.000 мажи освои десетици битки против Османлиската империја. Бугари во Македонија револтирани за нивната слобода,наведува Џамбаски.

Европратеникот кој во законодавниот дом на Европската унија влезе преку коалицијата „Бугарија без цензура” на екс-новинарот Николај Бардеков, партија што според бугарските медиуми е финансирана од страна на руските олигарси, вели дека се послужил со оваа историска референца „со цел да им стане несомнено јасно на сите дека Македонија историски отсекогаш била претежно населена со Бугари”.

- Затоа, географски, етнички и историски Македонија е тесно и неотповикливо поврзана со Бугарија, бугарскиот народ и бугарската историја. Меѓутоа, денес, поради промени низ времето и разни политички и комбинации зад сцената на соседните земји и нивните политички старатели во странство, Бугарите во Македонија се 'уште не ги имаат правата што ги заслужуваат,пишува бугарскиот европратеник од партијата на Каракачанов.

Џамбаски им посочува на своите колеги во ЕП дека „и покрај репресиите на актуелниот политички естаблишмент во Македонија, Бугарите ја слават 111-годишнината од своето востание, Илинденското востание и ова е најмногу охрабрувачки факт”.

На крајот од писмото, обраќајќи им се на своите „почитувани колеги во Европарламентот”, бугарскиот национал-шовинист Џамбаски им објаснува која е причината што им се обраќа на останатите 750 членови на ЕП.

- Го правам ова бидејќи во Европа се уште има случаи на брутално прекршување на основните човекови права и слободи. Денес, во Македонија се уште се малтретира секој Бугарин со репресија, цензура во медиумите, постапки на вандализам, напади и бес, како ментално, така и физички. Ова мора да се смени и ние, како претставници на сите 28 земји-членки, не смееме да толерираме таква неправда што случува на вратата до нас, гласи лелекот на Џамбаски.

Во заклучокот на писмото, тој на останатите европратеници им испраќа дел од, како што самиот ја нарекува, „познатата статија од страна на Сер Артур Еванс”, која според заменикот на Каракачанов во ВМРО-БНД - давала најточна слика на историската ситуација во Македонија, а каде се наведува дека во македонската држава живеат Бугари.

- Кога ќе прочитате што тој напишал пред еден век, имајте на ум дека ситуацијата денес не е многу поинаква, завршува Џамбаски во своето писмо до сите членови на Европскиот парламент.

Инаку, европратеникот Џамбаски, минатата недела стана дел и од Заедничкиот парламентарен комитет на Европарламентот и македонското Собрание, кое се состанува двапати годишно, по еднаш во Скопје и во Брисел,и има за задача да ги приближи двата парламента во нивната работа, со оглед на тоа што како земја-кандидат, Македонија во иднина треба да стане дел од Европската унија.

Пред оваа најнова провокација, Џамбаски во минатото имаше уште дузина негирања на македонската државност, на македонскиот народ, јазик и култура, а неретко покажува и империјалистички намери кон нашата земја, изјавувајќи дека „го чека денот кога бугарското знаме ќе се вее кај манастирот Свети Наум во Охрид”.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...