Србите во северно Косово го обвинуваат ЕУЛЕКС

за блокирање на Бриселскиот договор

Косовска Митровица, 20 август 2014 (МИА) - Претставници на локалните власти во северно Косово денеска одржаа состанок во Косовска Митровица, на кој оценија дека европската мисија ЕУЛЕКС го отежнува имплементирањето на Бриселскиот договор постигнат меѓу Белград и Приштина.

Тие најавија дека в петок ќе се одржи заедничка седница на советниците од четири општини во северно Косово во кои Србите се мнозинство, на која ќе биде разгледана ситуацијата и ќе бидат донесени решенија за натамошното дејствување.

Србите во северно Косово сметаат дека ЕУЛЕКС не ги применува законите во однос на Србите, како што тоа го прави во случајот со Албанците.

Тие истакнаа дека на Албанците обвинети за најтешки злосторства им се дава можност да се бранат од слобода, додека на Србите тоа право им е оневозможено.

Ваквата реакција се однесува на одлуката лидерот на косовската Граѓанска иницијатива „Србија, демократија, правда“ (СДП), Оливер Ивановиќ, кој е уапсен под сомнеж за воени злосторства, да остане во притвор и покрај тоа што Владата на Србија даде гаранции, дека тој ќе се појави во судот, со цел да се брани од слобода.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...