Меркел: Приклучувањето на земјите од Западен Балкан кон ЕУ

Се зависи од брзината на реформите

Берлин, 25 август 2014 (МИА) - Германскиот канцелар Ангела Меркел изјави дека сите земји од регионот на Западен Балкан имаат европска перспектива, но нивното приклучување кон ЕУ ќе зависи од тоа колку брзо ќе ги применат клучните реформи.

Меркел ова го кажа во интервју за политичкиот аналитичар Корнелиу Адебар пред конференцијата за Западен Балкан, која германската Влада ќе ја организира в четврток во Берлин.

Канцеларот изјави дека германската Влада одлучила да организира собир на највисоко ниво, поканувајќи ги премиерите и министрите за надворешни работи и економија на земјите од Западен Балкан, за да ја одбележи стогодишнината од почетокот на Првата светска војна.

„Мислевме за начинот на кој ќе ја одбележиме стогодишнината, за едноставно да не гледаме кон минатото, туку да погледнеме напред кон иднината. Владата има идеја да ги поканиме сите земји од регионот и да им покажеме дека конфликтите се во минатото и дека и покрај сите разлики единството е во неговото срце. Верувам дека европските перспективи на сите овие земји тоа го направија можно“, изјави Меркел во видео материјалот, објавен на сајтот на германската Влада.

- Тоа значи дека сите земји од Западен Балкан имаат шанса да се приклучат кон ЕУ и дека тоа е целта кон која сите тие се стремат, подвлече таа.

„Ние се уште ги помниме ужасните војни и оваа конференција ќе се оддржи за да покаже дека одиме напред, дека ги надминавме конфликтите и дека е тоа добар знак. Ние на сите земји од Западен Балкан им ветуваме членство во ЕУ и стоиме цврсто зад тоа ветување“, рече таа.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...