Проширувањето, дел од генетскиот код на ЕУ

Прага, 10 октомври 2014 (МИА) - Правната држава, економското опоравување и реформата на јавната администрација се главните столбови на политиката на проширувањето на ЕУ, пишува еврокомесарот за проширување Штефан Филе во текст кој беше објавен од „Еуроактив“ на словачки јазик. 

Филе додава дека пред пет години, кога го презеде ресорот за проширувањето на ЕУ, најголем предизвик бил да се зголеми кредибилитетот на процесот и повторно да се врати поддршката на граѓаните за процесот на проширување, пренесува дописникот на МИА од Прага.

- Ние имавме потреба да се осигураме дека овој процес ќе носи опипливи резултати во однос на реформите спроведени на локално ниво, наместо да биде прифатен само како „прешкртување“ на завршени задачи, кога овој или оној правен пропис ќе е усогласен со стандардите на ЕУ, вели Филе.

Според Филе, целта не била да се воспостават нови услови, туку сигурност дека земјите кои влегуваат во Унијата, се целосно подготвени за членство, како и да се постигне вистинска промена во една земја-кандидат со целосно искористување на трансформирачкиот потенцијал на проширувањето.

- Западен Балкан и Турција пристапија кон структурни реформи врз основа на строги, но фер услови. Тие ги трансформираат нивните економии, ги зајакнуваат демократските институции, ги модернизираат своите судски системи и јавната администрација и се борат против организираниот криминал и корупцијата, пишува Филе за „Еуроактив“.

Тој најави дека од следната година на земјите од Западен Балкан ќе им бидат обезбедени подобри насоки во врска со нивните макроекономски, фискални и структурни политики, според моделот на Европскиот семестар.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Кога се машките најпаметни?
Пред секс, за време на сексот или после сексот?
За време на сексот.
Зошто?
Затоа што тогаш се директно вклучени во интелегенцијата.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1442.- Роден е англискиот крал Едвард IV, водач...
1758.- Роден е американскиот државник Џејмс...
1789.- Побунетиот екипаж на англискиот брод...
1813.- Во Болеславец, Полска, умре Михаил...