Албански навивачи ја опколиле Амбасадата на Србија во Тирана

Тирана, 15 октомври 2014 (МИА) - Албански навивачи ја опколија српската Амбасада во Тирана по инцидентот кој изби вчера на вчерашниот фудбалски натпревар меѓу Србија и Албанија што се играше во Белград. 

Натпреварот беше прекинат откако на теренот влета летало со знаме на „голема Албанија“.

Под сомнение дека организирал и раководел со тој инцидент, беше уапсен, па пуштен Олси Рама, брат на албанскиот премиер Еди Рама, кој имал американски пасош, објави Блиц.

Очевидци за весникот тврдат дека Рама за време на приведувањето покажал американски пасош и изјавил: - Јас сум американски државјанин и ништо не ми можете. Кај Рама (45) бил пронајден далечински управувач со кој лично управувал со беспилотното летало кое го носело знамето.

Заедно со Рама биле приведени и останатите членови на албанската делегација која седела во ВИП ложата на стадионот. И тие се пуштени на слобода бидејќи „ не било можно да се обезбеди бранител заради штрајкот на адвокатите“. Обвинителството дополнително ќе одлучи како да постапува по тој случај.

Инциденти синоќа се регистрирани и во Виена каде Албанци кршеле излози од угостителски објекти на Срби. Австриската специјална полиција, како што јавуваат локалните медиуми спречила поголеми судири меѓу Албанците и Србите во тој град.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На заставник во војска му требале ситни пари за кафе. Забележал обичен војник кој бришел под во касарната и го прашал:
- Војник, дали имаш да ми раситниш 100 денари?
- Аха.
-...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1536.- Отсечена и е главата на Ана Болен, втората...
1649.- За првпат е употребен називот...
1762.- Роден е Јоахн Готлиб Фихте, еден од...
1802- Наполеон Бонабарта во Франција го...