Еди Рама : Мојот брат не е поврзан со леталото на белградскиот стадион

Њујорк,18 октомври 2014 (МИА) - Албанскиот премиер Еди Рама ги отфрли како сосема неточни тврдењата дека неговиот брат е поврзан со инцидентот со малото беспилотно летало, што леташе над теренот на стадионот на „Партизан“ во Белград,за време на фудбалскиот натпревар меѓу репрезентациите на Албанија и на Србија.

- Ниту мојот брат ниту било кој од оние, вкупно 45 луѓе дојдени од Албанија за натпреварот ,се виновни за она што се случи, рече премиерот Рама во интервју за Си-Ен-Ен.

Според албанскиот премиер ,никој од нив не можело да биде поврзан со леталото, затоа што телевизиските снимки покажуваат дека тоа долетало од надвор, што значи дека не е покренато од стадионот или уште помалку од местото каде беше сместена албанската делегација.

Во интервјуто Рама изрази жалење за она што се случи и ги отфрли обвинувањата кон Албанија, означувајќи ги како „пропаганда“.

- Жалосно е што ова се случи во време кога албанското-српските односи, по многу години, се нормализирани, без притисоци и непријателствата од минатото, посочи албанскиот премиер.

На 22 и 23 октомври Рама треба да допатува во Белград, на средба со српскиот премиер Александар Вучиќ. Станува збор за прва посета на еден албански премиер на Србија по 68 години.

За Си-Ен-Ен Рама наведе дека и покрај тоа што се случи минатиот вторник, тој би сакал да патува во српскиот главен град, забележувајќи дека посетата може да придонесе за унапредување на билатералните односи и за создавање нова клима на односи на Балканот.

Премиерот на Србија, Вучиќ за белградските медиуми изјави дека одлуката за тоа дали посетата ќе се одржи или ќе биде откажана, ќе ја донесе во текот на викендот.

Српските медиуми, како и тамошните власти и понатаму тврдат дека инцидентот на натпреварот беше „албанска провокација“ и продолжуваат да го обвинуваат братот на албанскиот премиер за леталото над стадионот на „Партизан“.

Само 24 часа по инцидентот, леталото беше откриено во Панчево, во близината на Белград, но без да се дадат детали околу неговото потекло и кој стои зад него. Телевизиската станица Б92 објави снимки од полициската проверка на црквата која се наоѓа во близина на стадионот, изразувајќи сомнежи дека со леталото се управувало далечински, токму од таа локација. Снимката не беше повеќе повторена и никој не ја споменува таквата можност.

Во меѓувреме, претседателот на УЕФА, Мишел Платини за париските медиуми изјави дека случајот се уште се истражува, но дека е „многу веројатно оти двете фудбалски федерации ќе бидат казнети“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...