Ново судење за босанскиот терорист

осуден на 45 години затвор

Сараево, 22 октомври 2014 (МИА) - Апелацискиот совет на Судот на Босна и Херцеговина ја поништи пресудата од 45 години затвор за радикалниот исламист Харис Чаушевиќ, поради терористички напад врз полициска станица во Бугојно и нареди обновување на судската постапка, јавија денеска босанските медиуми.

- Одлуката е донесена, но за нејзината содржина не можеме да говориме, додека страните во постапката не ја добијат во пишана форма, истакнаа претставници на Судот.

Адвокатот на Чаушевиќ, Ифет Фрагет за „Дневни аваз“ изјави дека се уште не ја добил одлуката, но оти може со сигурност да каже дека првостепената пресуда е укината.

Пресудата од 45 години затвор е највисоката, која е можно да се изрече во БиХ за терористичко дејствување.

Чаушевиќ на таа затворска казна беше осуден во декември 2013 година, откако е утврдено дека го организирал и извршил бомбашкиот напад врз полициската станица во Бугојно во јуни 2010 година, во кој загина еден полицаец, друг беше потешко повреден, а уште петмина полесно.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...