Во Грција

Уапсен мозокот на операцијата во Белгија

Атина, 17 јануари 2015 (МИА) - Грчката полиција уапси четири лица на барање на Европол, меѓу кои како што се тврди е и лидерот на исламистичка група во Белгија, јавуваат грчки медиуми. Уапсените се Мароканци.

Претставник на полицијата потврди дека во Атина се уапсени најмалку четири лица во истрагата против џихаидистичката групација, разбиена оваа недела во Белгија, додека се подготвувала да изврши напади.

Полицискиот оддел за борба против тероризмот се обидува да дознае дали меѓу задржаните е Абделхамид Абауд, Белгиецот со мароканско потекло, идентификуван од белгиските медиуми како мозокот на планираните напади, кои беа осуетени во операција во белгискиот град Вервие во четвртокот.

Апсењата се извршени во попладневните часови во централниот атински кварт Панграти, изјави претставник на полицијата, без да прецизира од кога и како се знаело за местото на кое се наоѓаат осомничените. Во операцијата им се одземени мобилните телефони.

Претходно белгиските медиуми јавија дека грчката полиција го уапси лицето, за кое се претпоставува дека е мозокот на спречените напади во Белгија.

Во Атина се уапсени четворица осомничени терористи, меѓу кои 27 годишен маж, за кого се тврди дека комуницирал и ги насочувал двајцата браќа, кои беа застрелани во операцијата во Вервие во четвртокот, додаваат медиумите.

Идеологот на нападот е поврзан со терористичката групација Исламска држава и бил во Сирија, од каде неодамна се вратил.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...