Лицата уапсени во Грција немаат врска со џихадистичката група од Белгија

Атина/Брисел, 18 јануари 2015 (МИА) -  Белгиските власти соопштија синоќа дека од досегашните информации добиени од Атина не може да се заклучи дека лицата, кои вчера беа уапсени во Грција се поврзани со џихадистичката групација во Белгија, која планирала напади и чии планови беа осуетени во четвртокот во операција во белгискиот град Вервие. 

Претходно вчера грчката полиција соопшти дека уапсила четири лица на барање на Европол, меѓу кои како што се тврди е и лидерот на исламистичка група во Белгија. Уапсените се Мароканци. 

Полицискиот оддел за борба против тероризмот се обидува да дознае дали меѓу задржаните е Абделхамид Абауд, Белгиецот со мароканско потекло, идентификуван од белгиските медиуми како мозокот на планираните напади, кои беа осуетени во операција во белгискиот град Вервие во четвртокот.

Апсењата се извршени вчера во попладнените часови во централниот атински кварт Панграти, изјави претставник на полицијата, без да прецизира од кога и како се знаело за местото на кое се наоѓаат осомничените. Во операцијата им се одземени мобилните телефони.

- Истрагата зпродолжува. Ние сме во контакт со Белгијците, изјави претставник на полицијата, но по првичните проверки во Брисел според федералниот обвинител Ерик ван дер Сипт нема поврзаност меѓу овие два случаи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...