Шешељ најави протести на пролет

Чачак, 25 јануари 2015 (МИА) - Радикалите на пролет ќе почнат со протести против актуелната власт, најави синоќа во Чачак лидерот на Српската радикална партија (СРС) Воислав Шешељ.

- Чекаме пролет, се да раззелени и почнуваме со митинзи. Оваа власт нема да издржи уште долго бидејќи пука по сите шавови, па очекуваме избори до крајот на годинава, истакна Шешељ.

Тој нагласи дека почнало обновување и консолидирање на редовите во партијата по неговото враќање од Хаг.

- На Вучиќ и Николиќ им истече рокот на употреба, што се гледа и од изјавите на западните дипломати и пишувањето на странските медиуми. Трпат притисоци во врска со заокружувањето на независноста на Косово, а кога ќе заврши тоа ќе бидат пуштени низ вода, оцени лидерот на српските радикали.

Тој се осврна и на можната соработка со други патриотски партии, додавајќи дека СРС е отворена за постизборна коалиција со сите оние кои се против членство на Србија во ЕУ.

- Иднината на Србија е во силните врски со Русија, формирање на единствен пазар, царинска унија и одбранбен систем со оваа земја, истакна Шешељ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...