Панел-дискусија за примената на новиот Закон за данокот на добивка

Скопје, 26 ноември 2015 (МИА) - Македонско-германското стопанско здружение организираше панел-дискусија на тема „Правни разговори за данокот на добивка: новата правна регулатива, спогодби за избегнување на двојно оданочување и искуства од регионот”.

Како што информира Здружението, од правен аспект е анализарана примената на новиот Закон за данокот на добивка донесен во почетокот на 2015 година, а стана збор и за поволностите кои ги нудат билатералните договори за ослободување од двојно оданочување.

Подетално беа разгледани новините во регулативата во поглед на оданочување на вкупно остварената добивка, наспроти старото законско решение согласно кое во Македонија предмет на оданочување беше само распределената добивка.

Со претставниците на бизнис заедницата се дискутираше за применливите даночни ослободувања, можноста за пренос на загубите на товар на добивката во идни пресметковни периоди, како и за третманот на акумулираната добивка во периодите кои претходат пред примената на новиот Закон за данокот на добивка.

На настанот е извршен осврт на моделот на договори за одбегнување двојно оданочување и регионалните искуства од примената на овие договори и нивното взаемно дејство со националните даночни прописи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...