Општина Василево ја проширува водоводната мрежа во Нова Маала

Василево, 31 мај 2016, (МИА) - Екипи на ЈПКД „Турија“ од Василево вршат реконструкција и проширување на дел од водоводната мрежа во населеното место Нова Маала. 

- Паралелно со тоа се врши и проширување на мрежата со што ќе им се овозможи на дел од домаќинствата кои досега не беа приклучени да се приклучат на водоводот истовремено стварајќи услови и за изградба на нови куќи во делот од селото каде се врши проширувањето, информираат од ЈПКД „Турија“.

Вкупната должина на водоводната мрежа е околу 400 метри, а средствата се обезбедени од општина Василево.

- Деновиве општината ќе отпочне постапка за јавна набавка за изготвување техничка документација за доградба и реконструкција на филтер станицата во Доброшинци, за што средствата се веќе обезбедени од Министерството за животна средина и просторно планирање преку Програма за инвестирање во животната средина, информира градоначалникот на Василево, Ванчо Стојанов.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...