Самит на Македонија 2025 во Скопје

Скопје, 20 октомври 2016 (МИА) - Во Скопје утрово почна петтиот Самит на Македонија 2025. Над 250 гости ќе проследат дискусии за економскиот напредок на Македонија според мерениот индекс составен од Македонија 2025 во соработка со МекКинзи.

Присутните утрово ги поздравија членовите на Одборот на директори Вера Ставроф, Мајк Зафировски и Живко Мукаетов, а во текот на дводневниот Самит ќе имаат можност да слушнат за најновите светски трендови во бизнисот, инвестициите, финансиите, лидерството, иновации и технологија. 

Ќе се дебатира за одржливоста на енергенсите и можноста да се користат обновливи извори на енергија според примерот на нордиските земји кои планираат 100 проценти да се снабдуваат со одржлива енергија. Ќе се зборува за циркуларната економија, термин кој означува револуција во индустриската економија преку намалување на отпадот и избегнување на загадувањето. Експерт од ЕУ ќе зборува за трансформирање на градовите во паметни градови според примерот на неколку европски центри.

Првпат ќе се претстави програмата на Европската вселенска агенција и можноста приватниот сектор да се вклучи во нивнитге истражувања. Ќе бидат презентирани и најновите светски технолошки достигнувања како емоционално инженерство, теле-здравје и развој на интелигентна комуникација помеѓу машини.

Самитот е на тема Платформа за пренесување знаење од областа на бизнисот, лидерството и иновациите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...