Почнува исплатата на минималната плата од 18.000 денари

Од овој месец почнува исплатата на зголемената минимална плата од 18.000 денари. Се очекува околу 80.000 работници во државава да земат повисока плата за околу 2.800 денари.



Зголемувањето на минималната плата беше договорено на 7 февруари на седница на Економско-социјалниот совет по неколкудневни преговори. Зголемувањето на минималецот е потпомогнато од страна на државата која ќе одвои 16 милиони евра од Буџетот за да ја покрие разликата во придонесите до крајот на годината.

Сменета е и методологијата за пресметување на минималната плата и отсега таа не ќе може да биде пониска од 57 проценти од просечната плата. Минималната плата ќе се формира и како 50 проценти од годишниот раст на просечната плата и 50 проценти од трошоците за живот.

Владата очекува дека зголемувањето на минималната плата позитивно ќе влијае и врз растот на останатите плати. Оттаму денеска посочија дека процентуално во периодот 2012-2016 година минималната плата е зголемена за 25,2 проценти, а за периодот 2016-2022 година 78,6 проценти.

– Дефинирано е дека висината на минималната плата нема да може да биде пониска од 57 проценти од просечната плата. Ова значи дека растот на минималната плата во иднина ќе биде возможен без дополнителни интервенции и очекуваме многу брзо, таа да ја надмине и сегашната договорена сума. Дополнително, државата ќе го субвенционира делот врзан за придонеси, со што се олеснува процесот, за сите засегнати страни. Владата се грижи за стандардот на граѓаните и посветено работи за ублажување на последиците од најголемата глобална криза по Втората светска војна, се наведува во денешното соопштение од Владата.

Дел од синдикатите бараат усогласување на останатите плати со минималната плата поради што во средата се одржа предупредувачки протест организиран од Конфедерацијата на слободни синдикати, а Синдикатот за образование, наука и култура најави генерален штрајк од 11 април.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...