Преку дигитални и технолошки решенија до зголемување на продуктивноста кај компаниите

Aктивноста на УСАИД Партнерства за економски раст заедно со компании, понудувачи на дигитални и технолошки решенија, ја претстави новата Платформа за зголемување на продуктивноста кај производствените компании. Преку оваа Платформа приватниот сектор ќе има можност да имплементира различни дигитални и технолошки решенија во своите производствени процеси за да ја зголеми ефикасноста во работењето.



Целта на оваа платформа е да одговори на потребите на домашните компании за раст и развој, односно да се поддржат нивните инвестиции во дигитални и технолошки решенија со кои ќе се зголеми нивната продуктивност. Платформата ја сочинуваат компании кои нудат повеќе видови решенија кои се достапни на пазарот како: MES системи (системи за извршување во производство), системи за зголемување на ефикасност на опремата, АНДОН системи, решенија за дигитализација во земјоделството, дигитални решенија за енергетска ефикасност и други. Од друга страна, компаниите кои се заинтересирани за нивна имплементација во своите процеси ќе бидат поддржани од УСАИД (на база на кофинансирање) во набавката на овие решенија.

Оваа Платформа покрај улогата за зголемување на продуктивноста и растот на производниот сектор, преку соодветна промоција и B2B пристап ќе ги поврзе понудата на овие решенија со различните индустриски сектори. Со овој чекор ќе се олесни и забрза комуникацијата помеѓу двете страни и ќе им помогне на компаниите поедноставно да го изберат најоптималното решение за нив. Имено, оваа иницијатива ќе придонесе за развој и модернизација на приватниот сектор, а воедно и за раст на целокупната економска активност во земјата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Одела овца по патот и кога сакала да помине низ една ограда се заглавила, Поминува тука некој Американец, ја гледа овцата и си вели:
"Ех, да беше ова Мерилин Монро." И си...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини...
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на културната различност.
1471.- Роден е германскиот сликар и бакрорезец...
1471.- Во лондонскиот затвор „Тауер“ е убиен...
1527.- Роден е шпанскиот крал Филипе Втори, кој...