Пренџов: Обединетото Кралство има најниска каматна стапка и најдобар кредитен рејтинг

На телевизија 24 во емисијата „Анализа“ гостуваше пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Љупчо Пренџов, кој на самиот почеток ги разјасни дилемите околу договорот со Велика Британија и ги нагласи сите позитивни исходи.



„Она коешто е политички добро за нашата држава е тоа што Обединетото Кралство е наш гарантор, важно е да знаат граѓаните дека Британија има најдобар кредитен рејтинг во светот, важно е да знаат дека каматната стапка којашто ние ќе ја земеме ќе биде како за Велика Британија, тоа ќе биде најниска каматна стапка којашто ја има моментално на пазарот, тие нас ни се како гарантор или жирант. Политичката поддршка на Република Македонија од страна на Обединетото Кралство на Велика Британија е таква да тие потпишаа со нас договор којшто вели дека ние сме гарантор за Република Македонија и да не може да ги плаќаат парите, позади нив стои како гарантор Велика Британија“, објасни Пренџов.

Пренџов истакна дека Велика Британија има најниска каматна стапка и најдобар кредитен рејтинг и потенцираше дека парите ќе се плаќаат кога проектите ќе бидат веќе завршени.

„Каматната стапка на Велика Британија секогаш е најниска бидејќи има најдобар кредитен рејтинг, многу е важно да се нагласи дека оваа Влада денес ги научи лошите лекции од претходните влади, не може да се плаќа предвреме па потоа некој да работи, денес со овие договори од кога ќе заврши проектот од тогаш почнуваме да плаќаме и тоа е многу добро бидејќи од една страна се однесувате одговорно кон парите на даночните обврзници на Република Македонија а од друга страна оној којшто проектира и тоа како има интерес побрзо да го заврши“, рече Пренџов.

Пратеникот објасни дека Владата транспарентно ги најавува чекорите кои следат, како и дека изградбата на пругата носи голем бенефит за Република Македонија.

„Транспарентно чекор по чекор ги најавуваме работите, знаеме кој стои позади нас, ништо не се крие од договорот, имаме сила којашто застанува позади нас и сака да ни помогне, зошто да не ја искористиме таа шанса? Согласно проценките коишто ги кажа директорот на железници и инфраструктура оваа пруга годишно ќе носи околу 180 милиони евра чисти пари за државата, денес доаѓаат Британците со својата експертиза, со начинот и модалитет на изведување на овие работи, ние сме мала држава и ние мораме да бидеме екстремно мобилни, многу е важно како сме ние поврзани во секојдневниот живот, многу е важно за оние места коишто ни изумираат во Република Македонија, многу е важна добрата комуникација“, дециден е Пренџов.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се јавува човек во брза помош и вика:
- Брзо пратете кола, тука еден човек го згази ваљак!
- Добро, кажете ми на која адреса е човекот?
- Па лежи на Партизанска број 33, 34, 35...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На...
Верски календар
На денешен ден
1944.- Основана е Република Ирска, со што заврши...
1947.- Прогласена е независноста на Република...
1967.- Владата на НР Кина објави дека изврши...
1971.- САД и Јапонија потпишаа спогодба со која...