Пониска цена на парното од 1 март

Скопје, 21 февруари 2012 (МИА) -  Регулаторната комисија за енергетика во текот на следната недела ќе предложи намалување на цената на топлинската енергија од 13,26 отсто за граѓаните кои се греат преку „Балкан енерџи груп“ и 14,92 отсто за оние што се греат преку топланата „Скопје Север“.

Причина за тоа, како што истакна претседателот на РКЕ Димитар Петров на денешната прес-конференција, е намалување на цената на природниот гас кој учествува со 70 отсто во производството на топлинска енергија, а останатите 30 отсто отпаѓаат на мазут.

- Цената доколку биде прифатена ќе важи од 1 март годинава, рече Петров.

Додаде дека веќе е изготвен нов правилник за одредување на цената на топлинската енергија кој е разгледан во нацрт-верзија на подготвителна седница уште во декември и во него се вклучени сите забелешки доставени до Регулаторот.

Денеска ќе се одржи главна седница на која ќе биде усвоен документот и се очекува наредната недела да биде објавен во „Службен весник“ и да стапи на сила.

Со измените на Правилникот се овозможува, истакна Петров, РКЕ на месечно ниво да може да ги менува цените на варијабилната топлинска енергија во интервал од плус - минус 5 отсто (+/-5%). Со сегашниот Правилник тоа можеше да го прави само двапати годишно, во декември и во јуни.

Прашан дали РКЕ одобрува двочасовно дополнително греење во Скопје како што предложи „Балкан енерџи груп“, Петров рече дека Регулаторот нема ништо против доколку услугата е во корист на граѓаните, но додаде дека за тоа не можат да дадат писмен документ.

На прашањето, пак, дали можат да контролираат дали и кога производителот ги исклучува вентилите и дали тие два часа ќе влезат во крајните сметки на корисниците, рече дека од „Балкан енерџи груп“ добиле уверување дека можат да ги контролираат вентилите во потстаниците, но додаде дека нема податоци колку од потстаниците се автоматизирани.

За евентуалните забелешки на потрошувачите што ги имаат на сметките што ги добиваат или на начинот на греење, рече дека треба да покренат барање пред РКЕ која ќе ги провери и ќе донесе одлука.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Кога се машките најпаметни?
Пред секс, за време на сексот или после сексот?
За време на сексот.
Зошто?
Затоа што тогаш се директно вклучени во интелегенцијата.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1442.- Роден е англискиот крал Едвард IV, водач...
1758.- Роден е американскиот државник Џејмс...
1789.- Побунетиот екипаж на англискиот брод...
1813.- Во Болеславец, Полска, умре Михаил...