Привремено затворени рестораните на Мекдоналдс во Македонија

Скопје, 15 мај 2013 (МИА) - Мекдоналдс рестораните во Македонија се привремено затворени и ќе бидат повторно отворени што е можно поскоро, соопшти денеска компанијата „СЈ“, која од 1997 година ја има франшизата на Мекдоналдс во Македонија.

Како што се наведува во соопштението, како последица на околности кои се надвор од контрола на компанијата, од неа било побарано на 14 мај да ја запре работата на Мекдоналдс рестораните на територија на Македонија.

- Во моментов бараме решение кое ќе ни овозможи повторно да ги отвориме вратите на нашите ресторани, што е можно побрзо. За таа цел, се надеваме на корисни преговори со Мекдоналдс корпорацијата, кои ќе ни овозможат да ја продолжиме нашата мисија и да ги услужуваме нашите верни потрошувачи во Македонија, се посочува во текстот.  

Од 1997, кога се отвори првата франшиза на Мекдоналдс во Скопје, Мекдоналдс Македонија го направи овој глобален бренд достапен земјата и обезбедува стабилно вработување за повеќе од 200 лица. До денес, како што се вели во соопштението, Мекдоналс франшизата во Македонија, инвестираше шест милиони евра во воспоставувањето на брендот и развојот на бизнисот, со цел задоволување на потребите на потрошувачите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
* * *
Си биле две крави, едната рекла Муууууу, што рекал другата?
- Пу, ми го зема зборот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1799 - Умре Пјер - Огистен Карон де Бомарше,...
1800.- Умре рускиот генералисимус Александар...
1803.- Велика Британија и објави војна на...
1804.- Наполеон Бонапарта се прогласи за цар на...