IMD:Балканот најнепривлечен за странски инвестиции во светот

Лозана, 2 јуни 2013 (МИА) – Балканските држави се меѓу најнепривлечните за странски инвестиции, се вели во анализа на IMD (International Institute for Management Development).

Според истражување, најлошо рангирана држава од Балканот е Хрватска која се наоѓа на 58 место на листата од 60 анализирани држави. Нема анализа за Македонија.

Од останатите држави од Балканот најдобро рангирани се Турција – на 37 место, Словенија на 52, Грција на 54 и Бугарија на 57 место на листата на IMD.

Според резултатите од наведеното истражување речиси сите држави од Балканот се рангирани меѓу 20-те најлошо рангирани држави по конкурентност.

Истражувањето на швајцарскиот IMD не ги опфатило сите државу од регионот, но според последните резултати од глобалната конкурентност на Светскиот економски форум, БиХ се на 88 место, Црна Гора на 72, Албанија на 89 и Србија на 95 место од 144 држави од светот.

На врвот на листата на IMD се САД, по нив следува Швајцарија, Хонг Конг, Шведска, Сингапур, Норвешка, Канада, ОАЕ, Германија и Катар.

Од најдобро рангираните 20 држави во светот, десет се европски што значи дека Европа е најконкурентен континент.

Швајцарскиот IMD зема предвид 60 типични пазарни економии, а критериумите покажуваат економски движења и финансиски прилики врз основа на економски резултати, ефикасност на јавниот сектор, ефикасност на бизнис-секторот и развој на инфраструктурата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Секретарката влегува кај директорот во канцеларија:
Директоре, стигна факс.
Нека влезе!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1723.- Роден е шкотскиот економист Адам Смит, кој...

1819.- Роден е англискиот астроном и математичар...

1826.- Во Лондон умре Карл Марија Вебер,...