Регулаторна предлага намалување на цената на парното од 1 август

Скопје, 24 јули 2013 (МИА) - Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) предлага цената за топлинска енергија од 1 август годинава да се намали за 2,82 отсто за корисниците на „Балкан енерџи груп“ (БЕГ), 2,12 за „Скопје Север“ и за 0,71 отсто за корисници што се греат преку „ЕЛЕМ - Енергетика“.

Цената, како што истакна претседателот на РКЕ Димитар Петров на денешната прес-конференција, се однесува за симулација за стан со 60 метри квадратни површина со инсталирана моќ од 7,5 киловати и просечна годишна потрошувачка од 9.000 киловат-часови топлинска енергија.

Ценaта согласно најновите измени на Законот за енергетика ќе важи до 1 август 2014 година, а компаниите ќе можат да побараат нејзино зголемување само доколку им се зголемат трошоците за работа за повеќе од 5 отсто.

Конечната одлука за цената РКЕ треба да ја донесе до крајот на месецов, а како што истакна Петров на денешната подготвителна седница производителите, снабдувачите и дистрибутерите со топлинска енергија немале некои поголеми забелешки на предлогот.

- Намалувањето на цената на топлинската енергија ќе значи и намалување на фиксните трошоци, односно намалување на фиксниот износ од 1.035 денари за киловат што го плаќаат исклучените корисници на енергија, рече Петров и додаде дека од годинава тие ќе имаат можност сметката да ја платат на 12 рати, наместо на осум како досега.

Тој посочи дека од мај, кога Уставниот суд ја донесе одлуката исклучените корисници на топлинска енергија од колективните згради да плаќаат надомест, до сега од системот на БЕГ се исклучиле 103 корисници од кои 20 деловни објекти, а да се приклучат побарале 37 исклучени корисници. По донесувањето на одлуката на Уставниот суд се бележи и зголемување на наплатата на фиксниот надомест што го плаќаат исклучените корисници од 10 на 40 отсто. Со одлуката на Уставниот суд станарите од колективните згради немаат обврска да бараат дозвола од состанарите за да се исклучат од системот.

Петров не очекува да има некакви проблеми во прeтстојната грејна сезона и се надева дека намалувањето на цената на топлинската енергија што се случи во февруари годинава и престојното од 1 август ќе придонесе исклучените корисници повторно да се вклучат во системот. 

Во Скопје во моментов има околу 55.000 корисници на топлинска енергија од кои 45.000 ги снабдува БЕГ. Се бележи тренд на намалување на конзумот особено кај училиштата и детските градинки кои се префрлаат на греење на природен гас и се приклучуваат на капацитетите на ГАМА и без изградба на гасоводен систем. Од годинава целосно на природен гас ќе работи и Топланата Запад.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...