Буџетската криза во САД продолжува

Вашингтон 10 октомври 2013 (МИА) - Откако со недели одбиваше да преговара за буџетската криза со опозициската Републиканска партија, претседателот на САД Барак Обама синоќа во Белата куќа ги повика на средба водечките републикански конгресмени, предводени од спикерот на Претставничкиот дом Џон Бојнер, јави дописникот на МИА од Вашингтон.

Обама првично побара целата пратеничка група на републиканците, од над 200 конгресмени, да дојдат во Белата куќа, но нивното раководство реши да не дозволи можност за разногласија меѓу републиканците и на средбата ги испрати само водечките конгресмени.

По средбата, двете страни не соопштија што е договорено. Едната можност, која ја понудија републиканците, а за која и Обама се изрази позитивно, е да се донесе краткорочен буџет, со важност меѓу четири и шест недели, да се зголеми лимитот на американскиот долг и да се избегне поопасната од двете економски блокади со кои се соочени САД – забраната за нови
задолжувања. Во меѓувреме, нема најави за брзо решавање на проблемот со блокирањето на буџетот на централната Влада, кое трае веќе девет дена.

Обама вчера попладне организираше слична средба и со безмалку сите демократски конгресмени, на која биле изнесени критики на сметка на претседателот.

Еленор Холмс Нортон, претставничка на главниот град Вашингтон, побарала од претседателот да дозволи Конгресот да ја прифати резолуцијата со која би се овозможило финансирање на основните потреби на главниот град. Локалните власти низ САД не се многу погодени од блокадата на централната Влада, бидејќи своите потреби ги финансираат
од локални давачки, но административната област Колумбија, односно градот Вашингтон, е зависна од буџетот на централната Влада, дури и за потребите за собирање на сметот и плаќање на училиштата, полицијата и противпожарните служби.

Нортон му упаднала во збор на претседателот, одбила да го препушти микрофонот и инсистирала демократите да постигнат договор за финансирање на главниот град. - Не сакав да се карам со претседателот. Мислам дека граѓаните на Вашингтон очекуваат да разговарам со претседателот, а не само да поставам прашање, изјави Нортон.

Републиканците се согласуваат на одделување средства за финансирање на Владата, но не и на здравствените реформи „Обамакер“. Обама и демократите во Сенатот не се согласуваат со ваквите предлози и бараат да бидат предвидени пари и за „Обамакер“.

Поради ваквите несогласувања блокирани се резолуциите на Конгресот за финансирање на градот Вашингтон, на националните паркови, на Националниот институт за здравство и на програмите на воените ветераните.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Кога се машките најпаметни?
Пред секс, за време на сексот или после сексот?
За време на сексот.
Зошто?
Затоа што тогаш се директно вклучени во интелегенцијата.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1442.- Роден е англискиот крал Едвард IV, водач...
1758.- Роден е американскиот државник Џејмс...
1789.- Побунетиот екипаж на англискиот брод...
1813.- Во Болеславец, Полска, умре Михаил...