Во САД почнаа сериозни преговори за долгот и буџетот

Вашингтон, 11 октомври 2013 (МИА) - Претседателот Барак Обама синоќа одржа средба со 20-ина водечки републикански конгресмени, предводени од спикеот на Претставничкиот дом Џон Бојнер, на која не бил постигнат договор, но беше најавено дека разговорите меѓу двете партии продолжуваат, јави дописникот на МИА од Вашингтон.

- Претседателот не кажа да, не кажа ниту не, изјави конгресменот Пол Рајан, по средбата.

Обама досега одбиваше да преговара за барањето на републиканците за една година да се одложат здравствените реформи Обамакер. Републиканците одбиваат да гласаат за финансирање на реформите на кои се противат.

Републиканците на вчерашната средба влегоа со предлог за неколку недели да се дозволи да продолжи задолжувањето на САД, на кои освен буџетската блокада им се заканува и многу посериозен проблем до крајот на октомври да останат без пари и без можност да се задолжуваат.

Обама и секретарот за финансии Џек Лу на средбата побарале републиканците, пред било какви преговори, да го одобрат буџетот, вклучително и парите потребни за Обамакер. Тоа е неприфатливо за републиканците, но самото тоа што двете страни почнаа да преговараат врати надеж дека е можен договор во Вашингтон. И додека републиканците во Претставничкиот дом, каде оваа партија има мнозинство, се држат единствено, опозициските републиканци во Сенатот се побунија против нивните сопартијци и побараа нивната партија да попушти со цел да се деблокира Владата која е блокирана веќе десет дена.

- На повеќето Американци им е преку глава. Затоа имаме само 28 проценти поддршка, изјави републиканскиот сенатор Џон Мекејн.

Низа анкети покажуваат дека угледот на Конгресот е паднат под пет проценти, и дека над 60 проценти од граѓаните ги обвинуваат републиканците за блокадата, а над 50 проценти ги обвинуваат демократите (со можност за граѓаните да ги обвинат двете партии).

Падна и рејтингот на претседателот Обама, кој според анкетите се движи меѓу 37 и 43 проценти.

Со кавгата се заоструваат и навредите меѓу двете страни. Демократските конгресмени веќе редовно ги обвинуваат републиканците дека се грабнувачи, а поранешниот советник на Обама, Дејвид Плаф, ги обвини републиканците и за предавство.

- Ќе банкротираме и Владата ќе остане затворена ако Бојнер бара решение кое ќе ја задоволи крајната десница. Можеби ако им дозволиме да формираат комисија која ќе докажува дека претседателот не е роден во Америка, ќе престанат да вршат економско предавство, напиша Плаф на твитер.

Проблемите на Обамакер продолжуваат и со нефункционалната интернет страница за пријавување на здравствено осигурување според правилата на Обамакер.

Белата куќа се надеваше дека неколку десетици милиони Американци ќе се пријават за Обамакер во рок од половина година, но досега, и покрај ремонтот на страницата, девет од десет обиди да се пристапи до Обамакер завршуваат без успех. Државата Хаваи вчера го запре процесот на запишување на нови осигуреници, и најави дека ќе го почне одново, откако во првите девет дена ниту еден граѓанин не успеал да се пријави за Обамакер.

Вашингтон денеска е во исчекување на најавената блокада на здружение на камионџии, кои се заканија дека ќе го блокираат автопатот Белтвеј, кој е клучна сообраќајница на главниот град. Камионџиите најавуваат дека неколку илјади возила намерно ќе возат по сите ленти на Белтвејот, со пропишаната брзина за да не бидат запрени од полицијата, но и тоа е доволно да се направи сообраќаен хаос во Вашингтон, кој е познат како една од најлошите сообраќајно решени метрополи во САД.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...