Поплавите на Балканот ќе предизвикаат недостиг на струја

Сараево, 26 мај 2014 (МИА) - Светската банка денеска оцени дека катастрофалните поплави во земјите од Западен Балкан ќе доведат до забавување на нивниот економски раст, како и дека во следните шест месеци ќе се соочат со проблеми во снабдувањето со електрична енергија.

Повеќе од 50 лица загинаа при поплавите и лизгање на земјиштето во Србија, БиХ и Хрватска, предизвикани од дождовите, кои беа најпоројни во последните 100 години. Дождот доведе до зголемување на нивото на водата во реките и поплавување на патишта, мостови, обработливи површини и цели населени места.

Србија и БиХ беа најпогодени од природната непогода, а штетите се проценуваат на стотици милиони евра, што е огромен удар за нивните економии.

Производството на струја во Србија се намали за 40 проценти како резултат од десетдневниот прекин на работата на најголемата електроцентрала. Проблематично беше и снабдувањето со електрична енергија  во БиХ, а помалку во Хрватска.

Според директорот на Светска банка за Југоисточна Европа, Елан Голдстејн, во текот на оваа година поплавите ќе предизвикаат намалување на економскиот раст, а најголем проблем ќе претставува снабдувањето на електроцентралите со потребното гориво поради поплавените рудници со јаглен.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...