Од утре автоматско здравствено осигурување и електронски изводи за новородени

Скопје, 31 јули 2014 (МИА) - Од утре се воведува автоматско здравствено осигурување за вработените и членовите на нивните семејства без пријава во Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ), како и добивање електронски изводи по службена должност од матичната книга за новородени деца, кои досега осигурениците требаа да ги носат во копија за да добијат здравствено осигурување.

Станува збор за две новини што ги воведува ФЗОМ и кои денеска на прес-конференција ги презентираше директорот на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, Маја Парнарџиева Змејкова. Појасни дека првата новина се однесува на олеснување на постапката при стапување во здравствено осигурување за лицата кои се вработуваат и менуваат работни места со автоматско стапување во здравствено осигурување кое е овозможено преку електронско поврзување со системот на Агенцијата за вработување на Република Македонија.

Тоа значи дека лицето кое ќе се вработи или пак го промени работното место и членовите на неговото семејство автоматски ќе добијат здравствено осигурување без пријавување во Фондот и без ризик од прекин на континуитетот во здравственото осигурување поради неажурност на фирмата.

- Втората новина се однесува на поврзување на Фондот со Управата за водење на матични книги. Имено, од 1 август Фондот веќе нема да бара извод од матична книга на родени за новороденчиња за нивно пријавување во здравственото осигурување односно родителите од таа обврска се ослободени, бидејќи ние по службена должност на електронски начин ќе го добиеме овој извод од Управата, посочи Парнарџиева Змејкова.

За да се пријави едно новороденче, истакна, потребно е родителот да дојде само да достави пријава во здравствено осигурување и здравствена легитимација за бебето.

Таа направи ретроспектива за комуникацијата или унапредување на соработката со Агенцијата за вработување во изминатиот период со цел да овозможат големо олеснување за фирмите и континуирано здравствено осигурување за вработените во тие фирми и за членовите на нивните семејства.

- До пред неколку години пред да ги реализираме проектите за административна гилотина и електронско поврзување фирмите за секое ново вработување или промена на работно место  требаше да одат на шалтерите во Агенцијата за вработување, да достават М1 или М2 образец, тој да се испечатира, административно да се обработи и копија од тоа заедно со други документи да достават во Фондот за здравствено осигурување, рече Парнарџиева Змејкова.

Покрај задолжително одење во двете институции, додаде, имаше задолжителни документи и во едната, а потоа и копии во другата институција, а ризици покрај непотребното доаѓање во институциите, беа фирмите да направат дисконтинуитет или да дојдат во Фондот со задоцнување и автоматски вработените и нивните семејства да немаат континуирано здравствено осигурување што за некои права значи прекин односно оневозможување одредени права да ги добијат.

- За да одиме во насока на електронска комуникација со фирмите Фондот пред половина година овозможи тие да не доаѓаат во ФЗОМ и комуникацијата да се случува преку нашиот веб портал. Тоа го направи и Агенцијата за вработување. Ова е веќе нова фаза во нашата соработка за доброто на осигурениците. Направивме измена на Законот согласно новата владина програма, кој стапува во сила веднаш и овозможува наместо двојно пријавување во двете институции за вработените, само со пријавување во Агенцијата лицата да добијат здравствено осигурување, а со тоа и членовите на нивното семејство, истакна Парнарџиева Змејкова.

Укажа дека станува збор за големо олеснување бидејќи во Фондот и во Агенцијата на месечно ниво имаат околу 30.000 пријави од страна на сите активни фирми (60.000) во Македонија. Промените, појасни, сега ќе се автоматизираат и се укинуваат како потреба за комуникација со Фондот, а го обезбедуваме тоа по службена должност од Агенцијата за вработување.

Парнарџиева Змејкова упати апел до фирмите да го користат веб порталот на Фондот. -Досега 54 проценти од фирмите го користат порталот и сме задоволни за брзината како тие се приклучуваат во новата комуникација со Фондот, но цениме дека во овој начин на комуникација треба да се приклучат сите фирми, додаде Парнарџиева Змејкова.

Директорот на Агенцијата за вработување на Република Македонија, Влатко Поповски рече дека веб порталот на Агенцијата од Нова година е редизајниран, а постоењето на електронска пријава во Агенцијата датира уште од 1 декември 2008 година.

- Последните неколку месеци забрзано расте бројот на корисници на порталот. Пред Нова година беа околу 2.900, а веќе стигнавме до 5.960 корисници и тоа главно се големите и средните компании. Има тренд на зголемување на бројот на корисници на оние мали и микро претпријатија бидејќи се олеснува самиот пристап до системот бидејќи нема хартија, чекање по шалтери, губење време со гужви, истакна Поповски.

Едноставно, посочи, треба само пристап и сертификат кој го користат фирмите за пристап во пријавување на даноци во Управата за јавни приходи.

- Се регистрираат на порталот, може да објавуваат огласи, да регистрираат работни односи, да одјавуваат од работен однос, едноставн,о брзо и квалитетно, а воедно си земаат и список на вработени од нивната компанија без да чекаат во Агенцијата, кој е потпишан електронски од страна на Агенцијата и е правно валиден за користење. Со ова дополнително поврзување со Фондот ќе ги намалиме и гужвите во Фондот. Ќе продолжиме со електронското подобрување и во наредниот период ќе имаме уште неколку новини кои ќе ги претставиме на граѓаните, додаде Поповски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...