Санкциите против Русија потенцијална закана за 1.000 работни места во Чешка

Прага, 1 август 2014 (МИА) - Како последица од економските санкции кои ЕУ ги презема против Русија, во Чешка би можело да бидат загрозени 700-1000 работни места, изјави министерот за индустрија и трговија, Јан Младек за чешката државна телевизија ЧТ.

Младек повтори дека во основа анти-руските санкции нема драстично да влијаат на домашните фирми, додавајќи дека вистинската слика зависи од тоа како Русија ќе реагира на мерките, јави дописникот на МИА од Прага.

Министерот се сретна со претставници на градежните домашни компании со цел да се најде решение за проширување на пазарот, поради губење на рускиот пазар во моментот.
Земјите на ЕУ одобрија нови економски санкции против Русија поради нејзиното однесување кон украинската криза, кои ќе се применуваат од денеска.

Санкциите се однесуваат на неколку области и тоа во врска со ограничувањето на пристапот на Русија кон пазарите на капитал на европските фирми. Граѓаните на ЕУ сега нема да можат да купуваат или продаваат руски акции и обврзници или други финансиски инструменти со рок на исплаќање повеќе од 90 дена, издавани од големи руски државни банки, банки за развој или други институции што ќе дејствуваат во нивен интерес.

Исто така, ќе биде воведено ембарго на увоз и извоз на оружје и производи кои се наведени во постоечките заеднички листи на ЕУ како воена опрема.

Одобрена е и забрана за извоз на стока и технологија за двојна употреба.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...