Завршена санацијата на мостот „Гемиџии“ во Велес

Велес 20 октомври 2014 (МИА) - Јавното претпријатие за државни патишта со буџетски средства од околу 34 милиони денари за седум и пол месеци, или  четири и пол месеци пред истекот на рокот целосно ја заврши санацијата и реконструкцијата на мостот „Гемиџии“ во Велес, а во кој ништо не било вложувано во последниве 50-тина години. Должината на мостот изнесува 172 метри и широчина 11,3 метри, со коловоз широк 7 метри.

Како што информира за медиумите Љупчо Георгиевски, директор на ЈП за државни патишта, првично завршувањето на работите беше планирано за една година што значи до март 2015, а сега е завршено дури четири ипол месеци пред време на 17 октомври годинава кога е извршен и технички прием.

- Ја користам оваа можност да им се заблагодарам на граѓаните на Велес и на сите оние кои го користат овој мост за трпението кои го имаат за време на реконструкцијата на мостот, а се со една цел што поскоро да  се заврши мостот, што веќе и резултираше со негово целосно завршување пред рокот потенцира Георгиевски.

Тој воедно потсети дека имајќи ја предвид важноста од користењето на мостот за комуникација на граѓаните од двете страни на Велес, санацијата  на горниот дел на мостот заврши  во рекордно време - на почетокот на август годинава кога мостот беше пуштен во употреба за сообраќај. До овој период беше зајакната конструкцијата на мостот, се заврши со санирањето на горниот дел на мостот-коловозната плоча, пешачките патеки, се поставија рабници на коловозот, оградата и хоризонталната сигнализација.

Веднаш потоа продолжија активностите на долниот дел до мостот преку поставување на антикорозивна заштита на бетонсите површини, санација со репаратур малтер и инектирање на пукнатините со епоксидни смоли, информира Георгиевски.

Градоначалникот Славчо Чадиев потенцира дека Општина Велес успеала да реализира уште еден важен проект за градот во соработка со ЈП за државни патишта.

- Со оваа реконструкција имаме многу подобар и постабилен  мост кој е крвотокот на Велес, потенцира Чадиев.

Воедно Чадиев информира дека Општина Велес во соработка со ЈП за државни патишта изработила уште еден проект за поврзување со тротоар  на населбата Тунел со населбата Превалец, вреден над 5 милиони денари.

- Моментално разговараме и за проширување на патот покрај езерото „Младост“ на делницата од ресторанот „Брод“ до двата мотела покрај езерото „Младост“. Воедно привршуваат и работите на кружниот тек на влезот во Велес од кај Штипско џаде,а се како резултат на добрата соработка со ЈП за државни патишта,за што им искаажуваме голема благодарност, потенцира  Чадиев.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...