РеСпа: Соработка и реформи на администрацијата за развој на регионот

Скопје, 31 октомври 2014 (МИА) -  Државите од Западен Балкан заеднички ќе аплицираат за финансирање проекти преку европските  фондови со механизмите на  Регионалната школа за јавна администрација (РеСпа). 

Активности за заеднички проекти, зајакнување на соработката и размена на искуства за реформа на јавната администрација со цел развој на економијата и побрзо интегрирање во Европската унија договораа денеска на состанок во Скопје ресорните министри на Македонија, Србија, БиХ, Црна Гора, Албанија и Хрватска.

Механизмите на РеСпа, според министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски, може да се искористат за привлекување финансии од фондовите на ЕУ. Министрите за јавна администрација на шесте држави членки на Регионалната школа се согласиле РеСпа да се постави како единствена точка за комуникација за фондовите од европската програма Хоризонт 2020.  

- Во привлекување на тие фондови е потребно заеднички да аплицираат три држави. Предлогот го прифативме сите за да можеме да аплициираме за проекти кои се од заеднички интерес за државите, а со тоа да ги искористиме и механизмите коишто ги поседува РеСпа за привлекување фондови од ЕУ, рече министерот Ивановски. 

На состанокот на министрите е договорено и зајакнување на претседавањето на државите во РеСпа, со платформа која ќе содржи конкретни обврски. Обуките за јавната администрација преку Регионалната школа, што моментно се спроведуваат само во Данаиловград, пак, ќе се зајакнат со вклучување експерти за обучување што поголем број лица. 

Според Раско Коњевиќ, министер за јавна управа на Црна Гора истакна дека РеСпа е  добра порака во контекст на региналната соработка на Западен Бакан. Уште поважна е и политичката порака за очекувањето на нашите европски партнери преку зајакната регионална соработка да ја покажеме подготвеноста да бидеме дел од европското семејство. Реформата на јавната управа не е никогаш завршен процес и во него можете секогаш дополнително да работите и да учите, рече Коњевиќ.

Цел на сите држави, додаде, е преку размена на искуства да се обидеме државната администрација  да ја направиме што поефикасна и ориентирана граѓаните и потребите на бизнисот.

Кори Удовички, министер за администрација на Србија истакна дека соработката преку РеСпа и размената на искуства во реформата на администрацијата е важно за членство во ЕУ и за поддршка на развојот на економиите. Не  е случајно, посочи, што годинава реформата на јавната управа стана трет столб за евроинтеграците. Таа е неопходна  да се подобрат и првите два столба, владеење на правото и подобро економско управување. Навистина ќе биде неопходен услов за заздравување на економијата и повторно забрзување на растот и развојот на регионот, што е приоритет.

- Денес за стопански раст и  заздравување е потребно  вклучување на глобалните пазари, а на тие пазари сме мали и како регион, а не само како поединечни држави. Според тоа, соработката пред се треба да биде насочена нашите искуства, знаења и идеи да ги разменуваме  во правец  на подготовка на нашите јавни управи за членство  во ЕУ и за подобра поддршка  на сопствениот економски развој, рече Удовички. 

Претседавањето со РеСпа за следната година Македонија  го предава на Црна Гора. Дел од РеСпа од почетокот на 2015 година нема да биде Хрватска поради членството во ЕУ, а  на нејзино место се зачленува Косово, која сега има статус на набљудувач.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...