Deutsche Welle

Исток или запад - која политика води кон гасот?

Геополитичките случувања и игри не се пречка за гасификација на Македонија, но политиката сепак ќе има клучно влијание околу тоа дали и кон кој гасовод ќе се отвори можност за приклучок во иднина.



По промената на трасата на Јужен тек, рускиот гасовод сега станува подалечен за Македонија, што сепак не значи дека станува и дефинитивно недостапен сметаат експертите. Алтернативниот план за реализација на проектот преку Турција значи дека тој ќе стигне до Грција, со што се отвораат и нови опции за Македонија:

„Со тоа што одат низ Турција тие сега пак можат да стигнат до границата со Грција, но прашањето е дали ќе добијат дозвола за да поминат низ Грција. Ако добијат, тогаш се отвора можност за реализација на јужната гранка на гасоводот кој би одел до Италија. Но во услови кога знаеме дека Унгарија и Австрија донесоа закони со кој ги елиминираа бариерите што ги поставува Европската унија, можно е одеднаш да се појави и опција за гасовод преку Грција, Македонија и Србија кон овие земји. Но пак, се разбира, ако дозволи Грција, која сепак не е Бугарија. Но сепак од нас не зависи ништо, состојбите се менуваат толку бргу, што може да излезе некоја трета опција. Како што и‘ налагаа на Бугарија, така ќе можат да влијаат и на нас и нашите одлуки“, коментира универзитетскиот професор Константин Димитров.

Доволно гас за наредната деценија

Најголемата загуба во моментов ја трпат Бугарија и Србија кои дефинитивно ги губат милионите кои требаше да се слеваат во нивните каси од транзитот на гасот. Македонија, според анализите, може да биде мирна во наредната деценија. Гасот ќе пристигнува преку постојниот цевковод, чиј капацитет во моментов не е искористен ниту третина. Но за реализација на долгорочните стратегии ќе бидат потребни дополнителни опции:

„Дали и што ќе добие Македонија не зависи директно од нас, но индиректно за во иднина да, ако на пример од Турција оди преку регионот, тогаш можеме да се приклучиме на различни страни. Дали тоа ќе биде ТАП, АМБО или ќе се вика поинаку, сеедно. Но идните потези ќе зависат од многу нешта, а ние мораме да видиме каква политика ќе водиме и кон што ќе се ориентираме, дали кон НАТО или кон Русија. Од тоа и ќе зависи што и како ќе добиеме како опција или понуда. Но во моментов е клучно дека за наредната деценија ние имаме обезбедено доволно количество гас, а и сегашниот капацитет на постојниот гасовод го користиме минимално. Од 800 милиони кубни, годишно трошиме само околу 170. Така што до 2020 година ова ќе биде сосема доволно“, коментира универзитетскиот професор Миле Димитровски.

Владата не е загрижена

Сепак долгорочно, ваквата состојба е и загрижувачка со оглед на плановите за реализација на големите проекти за гасификација на земјата што допрва треба да се реализираат. Во тек е постапката за избор на компанија која ќе ја гради и стопанисува со гасоводната мрежа и систем во регионот на главниот град. Во план е и проект за гасификација и на источниот и западниот дел на земјата.

Билатералната спогодба што лани во Москва ја потпишаа премиерот Никола Груевски и министерот за финансии Зоран Ставрески отвори можност за приклучување на Македонија кон Јужен тек. Договорот тогаш се толкуваше како долгорочна гаранција за енергетската стабилност кој ќе обезбеди и сигурна реализација на проектите за изградба на внатрешната гасоводна структура. По најновиот развој, од Владата засега не демонстрираат загриженост:

„Иднината на Јужен тек е во рацете на Русија и на Европската Унија, така што тоа не е прашање на кое ние можеме да влијаеме. Можеме да ги следиме состојбите, и ние работиме, работевме и ќе работиме на изнаоѓање алтернативни решенија, односно изнаоѓање други извори и други пристапи за гас за Македонија", изјави министерот за финансии Зоран Ставрески.


Иднината на Јужен тек е во рацете на Русија и на Европската Унија, така што тоа не е прашање на кое ние можеме да влијаеме, вели Ставрески

„Откажувањето на Јужен тек од страна на Руската Федерација нема да влијае врз проектите за гасификација во Република Македонија, проектите непречено продолжуваат и за првиот и за вториот и за третиот регион. Постапките течат согласно роковите“, велат од Министерството за транспорт и врски.

Според експертите, гасификацијата на Скопје и другите градови нема да претставува проблем за постојниот капацитет на гасоводниот систем во наредните пет до десет години. Евентуално би можело да има потешкотии во случај на изградба на нови електроенергетски капацитети на гас, или гасифицирање на веќе постојните, како ТЕЦ Неготино, РЕК Битола и слично, но и во вакво случај би можело да се реагира времено преку дополнително зголемување на капацитетот на постоечкиот цевковод.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...