Речиси 60 отсто од патниците во ЕУ не си ги знаат своите права

Брисел, 22 декември 2014 (МИА) - Речиси една третина од граѓаните на ЕУ или поточно 31 процентм се свесни за нивните права и обврски при купување на билет за патување, додека 59 отсто од патниците не ни занеле за нив.

Ова, како што јави дописникот на МИА од Брисел, го покажуваат резултатите на новата анкета на Евробарометар за правата на патниците, што денеска ги објави Европската комисија.

Резултатите од ова истражување на Евробарометар покажуваат и многу високо ниво на задоволство меѓу патниците на кои им треба помош поради попреченоста во движењето, па 81 отсто од нив се задоволни со помошта што ја добиле.

Европската комесарка за транспорт Виолета Булц, истакна дека граѓаните се приоритет број еден кога станува збор за европскиот транспорт и дека таа ќе работи да се осигура тие да бидат свесни за своите права кога патуваат.

- Важно е дека правата не постојат само на хартија. Денешното истражување покажува дека е направен напредок, особено за лицата со попреченост или намалена подвижност, но јасно е дека може да се направи и уште повеќе. Сепак да не заборавиме дека граѓаните на ЕУ се опфатени со правата на патниците со законите на Унијата во однос на тоа каде и колку тие патуваат, истакна еврокомесарката Булц.

Според неа, податоците на Евробарометар покажале дека е направено брилијантно достигнување за ЕУ и дека сега приоритет ќе биде да се обезбеди сите Европејци да ги знаат своите права кога патуваат.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...